Реклама
Интервју

Валентин Петрески: „Некои работи едноставно треба да се случат, како велат… ништо не е случајно“

Реклама

Млад, забавен и неуморен лик, многумина го познаваат од телевизиските екрани, а веќе неколку години ја креира и својата уникатна приказна под името ТиноСки. Валентин Петрески во моментов е актуелен со својата авторска емисија насловена „Урбан Таг“, меѓутоа многумина го знаат и по неговиот уникатен начин на изработка на различни производи.

Како се роди приказната за „ТиноСки“?

Беше тоа пред повеќе од 3 години… како вчера :) Сакав своја шолја, уникатна… немаше избор во продавниците и си нацртав сам. Ја објавив на профилот на Инстаграм под #тиноски и од тогаш наваму се редат приказните… Сакав само да ја споделам среќата што ја чувствував а работата тргна во насока “сакам и јас”, “може ли да ми направиш за другарка за роденден” итн. Некои работи едноставно треба да се случат, како викаат… ништо не е случајно, верувам во тоа.

Маркетинг

Како дојде до идејата за целата приказна да го носи името „ТиноСки“?

Тиноски профилот на инстаграм првично беше мој личен профил, единствен. Бидејќи беше зафатен првиот псевдоним под кој сакав да се вклучам на социјалната мрежа, ми текна да си ставам кованица од моето скратено име и презиме. Тино и Петрески, така и бидна. А и супер звучи, да го рзмислував немаше да го смислам :)

https://www.instagram.com/p/BtS4pABH-PW/

Маркетинг

 

Како настануваат производите? Секој производ е уникатен на свој начин?

Секогаш викам дека Тиноски е заедничка приказна, моја и сите останати. Мило ми е што луѓето од почеток имаат доверба, веројатно и пристапот и комуникацијата е многу важна за тој впечаток. Ми кажуваат што би сакале и за која личност е,најчесто се друго после тоа е моја работа. И до сега не сме згрешиле водејќи се по таа формула, сме предизвикале многу насмевки.

Какви производи најмногу бараат потрошувачите?

Не би било фер да издвојам нешто посебно. Шолјите за кафе се некако од почеток најзашитен знак за тиноски, со нив и почнав. Но како поминува време се шири кругот на идеи и производи. Престилките во последно време се исто така многу барани. Луѓето сакаат да готват.

Во кои производи најмногу уживаш кога ги правиш?

Нема правило, уживам во секоја креација. Има и моменти кога си под притисок бидејќи зависиш од рок а мора да биде готово.

Но, се компензира… секој производ е дел од мене.

Кои се ти помага во подготовка на прозводите?

Засега се уште сум јас вклучен во изработката на производите, мислам на идејните решенија. За техничките работи имам соработници па супер ги комбинираме вештините.

https://www.instagram.com/p/BqrcnsgnWKU/

https://www.instagram.com/p/BotGZ2mnxs6/

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button