Реклама
Вирално

Валентина има 30 години и седум деца – сопругот е починат, таа се бори како лав за своите чеда

Таа е мајка храброст која живее со своите седум деца за кои се бори како лавица за да ги прехрани

Реклама

Валентина Стевановиќ од Власина во Србија е самохрана мајка со седум деца која работи како помошничка во училиште.

Оваа мајка како многу млада остана сама, која нејзиниот маж почина по три инфаркти што ги имаше еден по друг.

Таа денес сама се грижи за своите деца, но и за училиштето во ова мало место во кое одат само 13 деца.

Маркетинг

Приватна архива

Како што самара вели, таа со децата се снаоѓа со минимални примања, но се борат и не се откажуваат.

Маркетинг

„Се снаоѓаме. Секоја помош секогаш добредојдена, но преживуваме. Секогаш нешто фали, но кога ќе ги погледнете нив, морате да продолжите“, вели за РТС оваа храбра жена која трагедијата и немаштијата што и се случиле во животот од неа направиле уште поголем борец.

Приватна архива

Како што минатата година раскажа за „Телеграф.рс“, таа со својот прерано починат маж имала совршен брак.

Но судбината вмешала прсти кога едно утро сопругот и кажал дека не се чувствува добро. Се јавиле во Брза помош, кои ги чекале од пет часот наутро до осум часот.

Нејзиниот сопруг доживеал три инфаркти еден по друг и немаше спас за него, така што Валентина остана само со децата.

Приватна архива

„Имав совршен брак, никогаш не го подигна гласот на мене, многу работеше и се трудеше. Децата ги воспитувавме да бидат скромни, па тие и се такви, и јас со тоа се гордеам“, раскажа во една пригода оваа мајка.

Приватна архива

Борба за храна, облека и обувки

Таа добива помош од родителите и од државата, но само со седум деца не и е лесно. Секогаш кога може и помага и синот на сопругот од првиот брак, кој е полнолетен и работи, кој како што вели Валентина, има впечаток дека сака на малите да им го замени таткото.

Приватна архива

„Тој е прекрасно моме, и тој е мое дете. Него мајката го остави месец дена откако го роди и повеќе никогаш не се јави“, истакна Валентина.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button