Реклама
Холивуд

Вакви латекс хеланки ретко која девојка може да носи, но Џеј Ло нема такви проблеми – погледнете какво тело има и на 50 години

Реклама

Познатата латино дива и во „сериозни“ години изгледа неверојатно

Фото: Инстаграм/ Џенифер Лопез

Прекрасната Џенифер Лопез е зависна од вежбање, а тоа можеме да го видиме и од фотографиите со кои ни покажа дека вежба и за празниците. Имено, познатата пејачка и актерка сака да го одржува своето тело во форма, па реши да не ги прескокнува тренинзите. Таа на Инстаграм објави фотографија на која позира во малку нетипично спортско издание.

Под фотографијата напиша „Душо, надвор е жешко“, алудирајќи на познатата божиќна песна само што наместо зборот „cold“ (студено) го замени со „warm“ (жешко) бидејќи температурите во Мајами, каде што се наоѓа Лопез, се високи и се поблиску до летната сезона отколку до зимата.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Џенифер Лопез

Џенифер носи спортски комплет од латекс составен од црвени хеланки и топ со кои го истакна своето совршено тело и цврстите стомачни.

Фото: Инстаграм/ Џенифер Лопез

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button