Важно откритие на германските научници: Оваа течност ја деактивира короната, а ја има во секој маалски маркет
Според новото германско истражување, вирусот САРС-КоВ-2 може да биде деактивиран со употреба на течност за плакнење на устата.
Ова е докажано се експеримент кој го направиле виролозите од Рур Универзитетот во Бохум во соработка со колегите од Бремен и Нинберг.
Научниците велат дека високата концентрација на вируси кои обично се наоѓаат во грлото и во забите на заразените може да се намали со употреба на течност на плакнење на устата и со тоа воено го намалува ризикот дека инфицираното лице може да го пренесе вирусот на некој друг.
Во истражувањето се користени осум различни течности кои научниците ги помешале со честички од вирусот, со супстанција која наликува на плунка. Потоа сето тоа го измешале имитирајќи гаргара во устата која се прави кога се употребува течност за уста.
Се утврдило дека секоја од осумте различни течности ефикасно го намалува бројот на присутни вируси, а три таа работа толку долго ја завршиле што за 30 секунди не останала ниту една честичка од вирусот. Меѓутоа научниците напоменуваат дека потребно е да се направат дополнителни проверки и тестови за ова сознание дефинитивно да се потврди.
Ако се утврди дека ова е факт, научниците велат дека би било посебно значајно пациентите детално да ја исперат устата со течност при посета на забар, зошто таму веројатноста за инфекции е многу голема, но и истакнуваат дека не може да се потпреме на течноста како заштита од вирусот, туку потребно е да се преземат сите пропишани епидемиолошки мерки како носење маска, држење на социјална дистанца и темелно миење на рацете.