Важеше за најпосакуван ерген во Македонија, па се ожени со вистинска убавица – на Фејсбук соопшти радосна вест
Честитки се нижат до едно од најпознатите семејства во Македонија.
Алекс важеше за еден од најпосакуваните македонски ергени, а неговото срце го освои убавица.
41-годишниот Александар Ружин е син на поранешниот амбасадор на НАТО, Нано Ружин.
ФОТО: Фејсбук / Александар Ружин
Алекс е активен и на македонската политичка сцена, а како што и самиот вели, уште од студентските денови се интересирал за политичка еволуција.
Неговиот приватен живот отсекогаш ѝ бил интересен на публиката и медиумите.
ФОТО: Фејсбук / Александар Ружин
Не сака многу да зборува за приватноста, но секогаш бил поврзуван со згодни и убави жени.
Еден период беше во врска и со хрватската пејачка Антонија Шола.
Иако беше популарен меѓу припадничките на понежниот пол, неговото срце го освои убавицта Александра.
ФОТО: Фејсбук / Александар Ружин
После една година врска тој одлучи да ја освои својата сакана, а целата декорација за запросувањето ја направил сам.
Активен е на социјалните мрежи, каде понекогаш знае да сподели фотографии и од приватните моменти.
ФОТО: Фејсбук / Александар Ружин
Александра инаку е медицинско лице, асистенкта на кардиохирургија во приватна клиника.
Во 2021 година нивното семејство се зголеми за еден член.
Александра на свет ја донесе малата Наоми.
ФОТО: Фејсбук / Александар Ружин
Алекс сега соопшти нова прекрасна вест.
Тој и Александра станаа родители по втор пат, а Наоми стана сестричка.
ФОТО: Фејсбук / Александар Ружин
На 2 мај се роди нивната втора ќерка Маели.
Честитки не престануваат да пристигнуваат до семејството.