Важеше за еден од најдобрите пејачи, па наеднаш го снема од сцената – ПОГЛЕДНЕТЕ како Зоран Ванев изгледа денес (фото)

Овој македонски пејач важеше за голем фраер во регионот

Пред нешто повеќе од деценија македонскиот пејач на народна музика, Зоран Ванев, ги воодушеви сите кога се појави на големата сцена на „Гранд“, но потоа со светлосна брзина и се изгуби од сцената. Неговите песни беа голем хит во целиот регион, а песните како „Јужна пруга“, „Лила“ и „Моника“ се уште важат за едни од најголемите фолк хитови.
На многумина не им е јасно зошто тој ненадејно се повлече и го снема од музичката сцена, кога пред него беше блескава кариера. Но тој во еден момент ќе одлучи да го остави микрофонот и ќе замине во Швајцарија, и покрај тоа што беше еден од ретките наши пејачи кој имаше своја публика и во Србија. Кариерата ја започна во 90-тите години од минатиот век, со неговата прва песна Ангела која беше и се уште е голем хит во Македонија.

Штипскиот пејач откако замина во Швајцарија работи како доктор за природна медицина, а како што самиот изјави во една пригода, воопшто не жали што микрофонот го заменил со белиот докторски мантил затоа што отсекогаш сакал и имал голема желба да им помага на луѓето.

Во Швајцарија каде што сега живее со неговото семејство, со сопругата и двајцата синови, тој има клиника каде го посетуваат луѓе од целиот свет, а што се однесува до неговата музичка кариера, настапува само на одредени настани.

Па со цел да се потсетиме на некогашната голема ѕвезда Зоран Ванев, пронајдовме некои негови стари, но и нови фотографии.

Мораме да признаеме дека тој се уште е оној истиот – изгледа одлично и неговиот шарм речиси е непроменет, па сигурни сме дека припадничките на понежниот пол меѓу неговите фанови ќе уживаат во оваа галерија.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев