Тајните за убавина на шармантната водителка од Утринска на Телма

Успешна и силна дама која долги години е дел од тимот на телевизија Телма, а веќе  три години им ги разубавува утрата на гледачите на Утринска на Телма. Ведра, позитивна, шармантна и секогаш насмеана, бјути моменти со водителката Цеце Трајковска.

Како го негувате вашето лице? Дали можеби имате бјути рутина што ја повторувате секое утро?

Цеце: Донекаде се работи и за генетика, имам чисто лице и убава кожа. Секое утро и секоја вечер темелно го чистам лицето, особено после емисија кога имам фул мејкап. Во принцип не сакам да имам многу шминка на мене, не ми се допаѓа кога не можам да се поздравам и да ги гушнам луѓето за да не им оставам трага од пудра. Во однос на рутините, наутро ставам полесни, хидратантни креми, додека навечер речиси секоја втора/трета вечер освен миење правам и пилинг на лицето или ставам некоја маска. По тоа, следува помасна ноќна крема против брчки.

ADVERTISEMENT

Со какви препарати го негувате лицето?

Цеце: Гледам да се тоа природни препарати. Многу сум задоволна од козметиката на Lush, а особено добро ми влијаат нивните бројни пилинзи за лице и тело, како и Skin Drink кремата за лице со сусамово и бадемово масло.

Што имате секогаш во вашиот несесер?

Цеце: Само сјај или кармин, зависно која нијанса ми е потребна во денот. Од дома излегувам со минимална шминка која подразбира маскара, руменило и коректор за покривање подочници така што нема потреба и тие да ги носам со мене. Земам само сјај или кармин за во случај да ми притребаат.

Омилен парфем?

Цеце: Долги години омилен парфем ми е Crystal Noir на Versace, а од неодамна имам нов парфем кој ме освои од прва – Amo Ferragamo од Salvatore Ferragamo.

Која е тајната на одличната физичка линија?

Цеце: Мислам дека сум далеку од одлична физичка линија, но постојано гледам да сум во одлична физичка кондиција. За жал не вежбам нешто редовно, последно што вежбав беше кик бокс пред 3 години, но заради мали проблеми со коленото прекинав. Премногу ми се допадна таа дисциплина заради различноста на тренинзите, а и боксувањето во вреќа е одлично за трошење на енергија. Оттогаш па наваму гледам што почесто да сум во природа – возам планински велосипед на Водно и на Матка, Маврово пак ми е одлично за истражување со велосипед… всушност многу често сум на велосипед, бидејќи го користам секојдневно како превозно средство. Сакам да планинарам, па кога ќе се организираме добро друштво знаеме да отидеме и на некоја планинарска тура. Зимава научив и да скијам така што се повеќе ме привлекуваат outdoor спортски активности кои гледам да ги практивувам што почесто.

Facebook Comments
(Visited 1.175 times, 1 visits today)