Таа е една успешна млада жена која постави високи стандарди за стилот на јавните личности во нашата земја.
Викторија Бурсак долги години е стилистка на звучни имиња од естрадата. Низ годините се обидуваше да ја покаже и докаже важноста на облеката која ја носат славните без разлика каде се појавуваат.
Во една прилика ќе каже:
Интересно е тоа што мене славните личности повеќе ми се допаѓаат како се облекуваат приватно отколку кога ќе се потрудат за на сцена.
Во многу интервјуа има нагласено за тоа како од километар се забележува кога за артистот се грижи некој стилист наспроти тоа кога артистот сам се потудил да ја заврши работата на стилистот, а најстрашно е каога тука прси ќе замеша квази-стилист.
Нејзината вештина во модата се истакна преку популарната пејачка Антониа Гиговска. Храбрите модни изгледи кои Бурсак и „ги наметна“ уште на почетокот на кариерата за сцената на „Пинкови ѕвездички„ за некого беа чудни комбинации, но упорноста на оваа дизјанерка на крајот се исплатеше.
Во целиот труд, секако, помогна и пејачката која совршено ги носи сите досегашни модни комбинации со потпис на Бурсак.
Каков е вашиот впечаток, дали македонските ѕвезди полека почнаа да учат колку е важен изгледот на сите нивни појавувања и дека со тоа се праќа силна порака до публиката?
– Сметам дека во последниве години скоро сите македонски артисти конечно прифатија дека треба да ангажираат стилисти барем за посериозните нивни проекти. Некои од нив немаат целосна доверба, па се уште во однос на стајлингот конците сакаат да ги држат во своја рака и тоа се приметува значително. А некои пак се консултираат со самопрогласени стилисти кои реално го немаат потребното знаење за да можат да направат level up во изгледот на артистот. И тоа најчесто завршува неславно, да артистот стилизиран изгледа побезлично отколку кога би се стилизирал самиот.
Колку е моќна модата денес? Што се можеме да направиме преку парчињата облека?
– Модата има силно влијание денес. Па можеби денес поради консумерскиот тренд има поголемо влијание дури и од уметноста. Таа е одраз на општествените и глобалните состојби. Модата пренесува силни пораки, само треба да знаеме да ги читаме.
Вашето име некако природно се сврзува со Антониа Гиговска, а бидејќи таа ја стави на пуаза кариерата од оправдани причини, колку ви недостасува соработката со неа?
– Премногу! Од причина што Антониа е редок артист, професионалец кој има доверба, отворена е прогресивна, своја, смела и во таа работна средина што се создава околу неа фантазијата нема лимит во однос на стилизирањето. Секогаш се е ново и за мене како уметник пред се, е интересно!Затоа и постави стандарди, кои ден денес се копираат во локални и регионални рамки!
Како би ја опишале Антониа приватно?
– Другариште големо пред се! Упорна, професионална, храбра и многу талентирана!
Дали вие како искусна мајка и давате совети?Комуницирате ли како пријателки?
– Секако! Но, секоја мајка природно знае се од самиот почеток поради природниот инстинкт што сите жени го носиме во себе!
Од неа направивте вистинска модна дива. Нејзиниот стил е препознатлив, доминантен , но и наметлив , девојките сакаат да ја копираат. Дали е тоа целта на едне стилист? Преку една личност да наметне тренд?
– Апсолутно! И не треба да има стилистот друга цел!
Секогаш креирам лична модна естетика за секој артист да биде само свој, уникатен и препознатлив!
Соработувате и со пејачката Туна. Каква е таа за соработка?
– Туна е посебна! Неверојатен артист, многу инспиративна, за која секогаш со задоволство сакам да креирам неверојатни фитови!
Со која друга позната личност имате соработка?
– Сум соработувала скоро со сите македонски артисти, во моментов малку одмарам и јас од причина што сум посветена на својот моден бренд и други ангажмани.
Како би го опишале сопствениот стил?
– Лежерен old school а најмногу casual sport. Се додека не дојдат специјалните пригоди тогаш мора да е breathtaking :)
Како се грижите за вашиот изглед , имате одлична фигура ?
– Исхраната е клуч!
Кога секој би се хранел како јас, сите би биле во топ форма.
И умерена физичка активност. Пред се основа за добар стајлниг е добра фигура!
Дали имате посебен третман за нега на кожата, косата во летниот период?
– Секако дека да. Користам природна cellular skin nutrition нега. која е целосна храна за кожата однадвор.
Тешко ли е да се работи вашата професија , а да се има мало дете дома?
– На почетокот додека се помали децата да. Сега веќе не. Напротив го имам најдобриот асистент.
Работата на стилистот е да го осмисли целокупниот изглед на артистот од облека до шминка и фризура. Еве неколку комбинации со потпис на Викторија Бурсак.