Буквално е негова копија – сопругата и ќерката на Гоце Тодоровски се вистински убавици, а еве како изгледа и неговиот син

Синот на популарниот македонски актер е негова копија, неверојатно личи на него.
Актерот Гоце Тодоровски на сите ни е еден од омилените ликови од старите Македонски народни приказни.
Заедно со Ѓорѓи Колозов, Ванчо Петрушевски, Шенка Колозова и Лазар Бараков, тие се петте темели на Македонските народни приказни. Легенди кои никогаш нема да бидат заборавени од нас.
Приказните се следеа без трепкање, а сите чекавме со нетрпение да се емитуваат на малите екрани.

Актерот Гоце Тодоровски е роден на 6. јули 1951 година во Кичево.
По завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар.
Покрај ангажманите во матичниот театар, тој е често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго.

Иако во пензија, денес активно работи, а синхронизира и серии.
Со својот најдобар пријател Ванчо Петрушевски беа неразделни. Cмpтта на Петрушевски освен на неговото семејство, најтешко му падна и на Тодоровски, со кој заедно го поминуваа секој момент.

„Повеќе бев со Ванчо, отколку со самиот себе“ , изјави актерот Гоце Тодоровски за својот колега и пријател, на неговата комеморација во Драмскиот театар во Скопје.
Тодоровски не е воопшто активен на социјалните мрежи и рерко во јавност зборува за својот приватен живот.
Долги години е во брак со својата сопруга Тања Тодорвска со која има син и ќерка.

Ниту едно од неговите деца не тргна по стспките на нивниот татко и воопшто јсвно не се експонираат.
За разлика од синот на Гоце, Сашенка е доста активна на Фејсбук каде често споделува семејни фотографии.

Она што може да се забележи од фотографиите е дека целото семејство е исклучително блиско и постојано се заедно.
И Сашенка и синот на Гоце веќе имаат оформено свои семејства и живеат мирен и спокоен живот далеку од очите на јавноста.
Погледнете некои од нивните фотографии објавени на социјалите мрежи:

Фото: Фејсбук / Сашенка Т. Спасовска
Фото: Фејсбук / Сашенка Т. Спасовска
Фото: Фејсбук / Сашенка Т. Спасовска
Фото: Фејсбук / Сашенка Т. Спасовска
Фото: Фејсбук / Сашенка Т. Спасовска
Фото: Фејсбук / Сашенка Т. Спасовска
Фото: Фејсбук / Сашенка Т. Спасовска
Фото: Фејсбук / Сашенка Т. Спасовска
Фото: Фејсбук / Сашенка Т. Спасовска
Фото: Фејсбук / Сашенка Т. Спасовска
Фото: Фејсбук / Сашенка Т. Спасовска
Фото: Фејсбук / Сашенка Т. Спасовска
Фото: Фејсбук / Сашенка Т. Спасовска
Фото: Принтскрин/ Јутјуб (МТВ)
Фото: Принтскрин/ Јутјуб (МТВ)
Фото: Принтскрин/ Јутјуб (МТВ)
Фото: Принтскрин/ Јутјуб (МТВ)
Фото: Принтскрин/ Јутјуб (МТВ)
Фото: Принтскрин/ Јутјуб (МТВ)