Пет пациенти се испишани од болница утринава, но за жал има уште еден смртен случај поради коронавирусот, соопшти Филипче.
– Ноќеска на Инфективна во Скопје почина пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години заболена од коронавирус. Пациентката имала претходни заболувања – коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност- изјави Филипче.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје – 183, Куманово – 54, Дебар – 47, Штип – 15, Прилеп – 12,Тетово -13, Струга – 9, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Гевгелија – 2, Струмица- 1,Крива Паланка – 1. Кочани – 1.
Мкнистерот за здравство информираше за родилката која била примена на ГАК, како и за брисевите на починатите пациенти од Струга и Битола.
-Второродка од Куманово вечерните часови со намалена плодова вода е породена со царски рез. Пациентката е породена по патеката за изолација, брисот е стигнат на 31 март и е позитивен. Родено е машко новороденче, кое сега е на интензивна нега. Бебето е изолирано, не е на респираторна машина и денес ќе му биде земен брис иако ретко има вертикален пренос од страна на мајката, изјави Филипче.