Бројката скокна на 219, нови 18 позитивни на коронавирус, еден од нив вработен во ЈСП
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (134)
– Дебар (43)
– Куманово (17)
– Штип (8)
– Прилеп (6)
– Охрид (3)
– Велес (3)
– Кавадарци (2)
– Тетово (2)
– Гостивар (1)
Во ЈСП-Скопје има едно лице позитивно на Ковид-19, кое навремено е хоспитализирано, а не било во контакт со колегите повеќе од две недели со оглед на примена на владината мерка за ослободување од работни обврски на хронично болни лица. Лицето не било вклучено во извршување на јавниот превоз, туку е дел од помошно-техничкиот персонал (паркирач) кое било во ограничен контакт со останатите вработени лица.
Пет лица вработени во ЈСП-Скопје, кои исто така се дел од помошно-техничкиот персонал, се во самоизолација, откако било пријавено дека имале контакт со лица кои претходно биле во непосреден контакт со лица вратени од патување од земја со среден или висок ризик.
Научниците од Универзитетот во Мериленд препорачуваат при проценка и сузбивање на коронавирусот да се земе во предвид и временската прогноза.
Имено, истражувачите забележале дека најголемите епидемии на КОВИД -19 ги покривале земјите сместени во една прилично тесна зона на северната хемисфера, кои се ограничени на 30. и 50. паралела. Тоа ја вклучува Италија, Шпанија, Иран, САД и Јужна Кореа, каде се забележани над 70 илјади инфекции и секако Кина.
Врз основа на тоа е заклучено дека вирусот најдобро се шири во одредени климатски услови. Оваа температура изнесува од +5 до +11 степени, а влажност на воздухот од 47 до 79 отсто.