Брена секогаш е максимално дотерана, но овој пат се надмина себеси – погледнете, изгледа идентично како и пред 30 години (фото)
Една од најголемите ѕвезди во регионот неодамна се врти од Америка каде ги наполни батериите за своите следни активности.
Таа веќе со години ги следи трендовите, како оние музичките, така и модните, а со своето најново издание ги воодушеви сте со својот бел фустан со кој ги истакна своите атрибути
Лепа Брена и покрај годините изгледа се’ подобро и подобро. Пејачката секогаш е максимално дотерана, со беспрекорна шминка и преубава фризура. И бидејќи е мошне активна на Инстаграм, нејзините обожаватели можат да следат каде настапува, на кои места патува, но и да уживаат во нејзините модни излети и нејзиниот целосен имиџ.
Што се однесува до нејзиниот стил, Брена во главно ја гледаме во модни парчиња кои се соодветни за нејзините години, но не ретко оваа 58-годишна дама знае да ни приреди и вистинско изненадување и да се појави во модно издание со кое во преден план го става своето неверојатно тело.
Така беше и овој пат кога носеше тесен бел фустан со кој во преден план го стави нејзиното беспрекорно тело.
Брена во слично издание, само од пред 30 години …
„Како и секоја жена, имам полни плакари со облека, но никогаш немам што да облечам! Постојано размислувам дека морам да ги купам уште овие чевли, па една чанта… Мојот стил варира од дневниот, до деловниот и сценскиот, а облеката ја менувам во склад со улогите кои ги имам во текот на денот. Ја сакам класиката кога сум на приеми и коктели, бидејќи тоа е дрес-код кој однапред е пропишан и нема многу размислување што да се облече бидејќи децентност и елеганцијата се подразбираат“, изјави Брена.