Брена направи хаос на сцената – го запали целиот Балкан. Настапи со маска на лицето, за ОВА долго време ќе се зборува
На доделувањето на наградите „MAC 2020“ се појави и легендарната Лепа Брена.
Познатата пејачка со својот настап ги воодушеви сите, посебно заради комбинацијата што ја носеше на сцената.
Имено, балканската фолк дива за време на првиот настап беше облечена во бело од глава до пети со екстравагантна маска на лицето, додека преостанатите два беше облечена во бела и црвена комбинација.
Таа изгледаше спектакуларно и ги воодушеви сите
Белиот костум го истакна нејзиното убаво тело, а на бината и се придружија танчерки кои на себе имаа црвени срца.
Познатите во ВИП ложата го следеа нејзиниот настап, а кога Карлеуша замеша со колковите настана вистинско лудило.
Брена ја изведе третата песна „Југословенка“, а по машкиот дел од нумерата кој што го изведе Стефан Перушиќ, таа повторно се пресоблече и на бина се појави во црвен костум и чевли во иста боја и за неколку минути ја запали атмосферата со својата позната песна и сценскиот настап.
Како тоа изгледаше погледнете во продолжение…