Брена и Боба се во изолација, измерена им е и температурата: Затворени се и Стефан и Виктор, еве каква е нивната состојба
Лепа Брена (59) и Боба Живојиновиќ (56) се во домашен карантин. Пејачката и нејзиниот сопруга пред недела дена пристигнале од Монако каде поминале три дена.
Веднаш по доаѓањето во Србија им измериле температура за да проверат дали се заразени од коронавирусот. Иако резултатите се негативни, пејачката одлучи со мажот да се затвори дома 15 дена.
Фолк ѕвездата ги повика синовите Стефан и Виктор итно да се вратат во семејната вила на Бежаниска коса и им забранила да излегуваат, пишуваат српските медиуми.
Ни измерија температура на аеродромот, така што сме сигурни во нашата здравствена состојба. Ја дезинфицирав целата тука, зошто здравјето на моето семејство ми е најважно.
Таа потврди дека е во домашна изолација со целото семејство.
-Температурата на патниците се следи на секој аеродром, такашто сме сигурни во нашата здравствена состојба. Не треба да се паничи, но треба да се биде одговорен кон себе и кон другите. Вирусот се шири таму каде не се сфаќа сериозно и каде луѓето не се придржуваат кон хигиенските мерки и социјалната култура, вели Брена и додава дека ја дезинфицирала целата куќа.
-Секогаш напролет правам генерално чистење на куќата, така што ова за мене е редовна дезинфекција.
Пејачката е среќна што со неа се и синовите Стефан и Виктор.
– Семејно се дружиме, што најмногу ни недостасуваше. Знаете, здравјето на моето семејство ми е најважно. Се откажав за март и го чекам развојот на ситуацијата, вели Брена и додава:
-Вистинска работа е тоа што е воведена вонредна состојба за да се спречи епидемијата на вирусот на целото население, посебно кај старите, изнемоштените и болните луѓе. Ситуацијата е алармантна, треба да се придржуваме кон советите на лекарите. Ние сите сме многу организирани и ги работиме од дома работите. Овој народ издржал многу и многу поголеми неприлика, така што со вера, добра организација и трпение ќе бидеме здрави и ќе продолжиме со нашите нормални животи.
Инаку, синот на Брена, Стефан се врати во семејниот дом од станот кој го изнајмувал, а Виктро до пред неколку дена била кај девојката. Сега и двајцата се цело време со мајката и таткото и никаде не излегуваат. Бидејќи куќата им е полна со залихи, сами подготвуваат храна.
-Ја сум сега во кујна, сакам да ги изненадам со нов рецепт. Се вратив во семејната куќа кога мама и тато дојдоа од Монако. Никој од нас нема симптоми, но не излегуваме од дома. Чувствуваме страв како повеќето и ги почитуваме правилата. Не одам на тренинг, а ресторанот на Виктор не работи, вели Стефан.