Во желудникот на женка кит која била бремена, најдени се 22 килограми пластика.
Телото на китот испливало на брегот на италијанскиот остров Сардинија, во Средоземното море.
Мртвото животно долго 8 метри било најдено на плажата на туристичкото место Порто Керва на Сардинија.
,,Во желудникот имаше вреќи за отпадоци, рибарски мрежи , цевки, делови на пакетчиња што се користат за перење алишта, како и многу други предмети од пластика.”, изјави Лука Битау , еколог и претседател на невладината организација од Сардинија. ,,Беше бремена и сигурно имала абортус пред да стигне на брегот. Фетусот веќе беше доста развиен.” додаде екологот.
#CNN
The carcass of a pregnant sperm whale that washed up in Sardinia, Italy, last week had 22 kg(49 pounds) of plastic in its stomach, with a dead fetus in it.
Luca Bittau, president of the SeaMe group, told CNN the beached mammal's remains contained a lot of plastic rubbish. pic.twitter.com/EQ3bkghwZR— BlueprintAfric (@blueprintafric) April 1, 2019
Италијанскиот министер за животна средина преку Фејсбук испрати остра порака дека овој случај покажува колку се опасни пластичните отпадоци и колку се загадени морињата. Министерот Серџо Коста потсети дека Европскиот Парламент воведе забрана за користење пластика за еднократгна употереба во сите земји членки на ЕУ од 2021, а тој потенцира дека Италија ќе биде меѓу првите што ќе ја стави забраната во сила.