Бремената снаа на Цеца блеска од среќа – кога го здогледа подарокот се воодушеви
Бремената Богдана е воодушевена од подарокот
Синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко, за Денот на вљубените својата сакана сопруга ја изненади со прекрасниот подарок каков жените најмногу сакаат.
Имено, тој за овој ден и подари огромен букет.
Видеото од моментот кога и го дава подарокот го објави на социјалните мрежи и ги воодушеви сите.
Од нејзиното лице можеме да видиме дека блеска од среќа и дека е воодушевена од ваквиот подарок.
А и која не би била, нели?
Инаку, Богдана е во одлични односи со својата свекрва. Тоа можевме да го видиме и неодамна кога Цеца објави видео на социјалните мрежи, а на кои нејзината снаа прави палачинки, во домашна атмосфера, за нив двете.
„Еве како мојата снаа на мене и на неа прави палачинки. Сами сме, журка за девојки. Еве и доказ за тоа“, напиша Цеца и покажа како Богдана прави палачинки, а во описот на видеото ја напиша пораката и додаде:
„Имам уште една ќерка! Мојата Богдана“, напиша таа.
Инаку познатата фолк-пејачка не заборави да истакне и дека е пресреќна што наскоро ќе стане баба.
„Најважно е тоа што сите во семејството сме заедно, ние функционираме како една мала фабрика. Горда сум на Вељко, тој е вистински домаќин, спортиста и сигурна сум дека ќе биде феноменален татко. Доаѓањето на бебето ќе биде за нас најсреќниот ден следната година“, изјави таа.