Реклама
Новости

Бремената водителка потполно скршена од болка, објави фотографии и се збогуваше од својата колешка

Водителката со зборови од кои ќе ви се насолзат очите

Реклама

Нејзините пријатели и колеги се уште во шок

Анкица Делибашиќ која свирепо беше убиена со нож од својот сопруг Ж.Д. во нивниот стан во Белград, работеше во Гранд продукција како шнајдерка, а пред само неколку дена ги подготвуваше кандидатите за полуфиналето, меѓу кои има и од Македонија.

По страшната вест сите што ја познаваа беа потресени, а Гранд ѕвездата Сандра Младеновиќ се присети на периодот на снимање па откри како Аница се однесувала кон натпреварувачите.

Маркетинг

„Дали ти треба нешто мали, секојпат кога ќе дојдам на снимање. Без коментари сум. Сочувство до семејството“, објави Сандра.

Маркетинг
Инстаграм

И многу други пејачи и водители се збогуваа од омилената Анкица, а една од нив е и водителката Сања Кужет која скршена од болка на Инстаграм објави неколку фотографии на кои е со убиената Анкица.

Инстаграм

„До кога веќе со насилство, до кога? Анкице премила… Душа од жена. Празнина незаменлива во колективот, во мојата душа…“ напиша во болка бремената водителка за својата колешка од „Гранд“ продукција.

Кужет скршена од болка објави неколку фотографии на кои што е со неа, па го додаде и следново.

Инстаграм

„Мои луѓе, мојот тим повеќе нема да биде ист“, напиша Кужет.

Инстаграм

Ѓорѓе Давид бара смртна казна

И пејачот Ѓорѓе Давид погоден од страшната вест што се случи на 2 јуни објави видео порака за својата убиена колешка.

Инстаграм

„Едноставно, посилно е од мене и морам. Анкица беше жена која на нашите кандидатки, но секогаш со насмевка на лицето, им помагаше и кога секогаш девојките беа во паника дека нешто нема да можат, таа со својата мајсторска рака го решаваше проблемот. Неверојатен мир, неверојатен памук од жена, како што се вели тоа жаргонски. И оваа вест потполно ме шокираше. Луѓето сите ми велат, ‘Јавна личост си, не зборувај така’, но едноставно, тоа така кога би било внесено во законот, вакви работи би имало помалку, и биле истребени, секогаш смртна казна за сотони, мажи кои вакви работи си дозволуваат кога се во прашање жени и деца. Нека е проклет“, порача Давид, па додаде:

„Скотот уби жена. Смртна казна за сотони во човечки облик“, зборуваше огорчено познатиот рокер на својот Инстаграм.

Инстаграм

Потсетуваме, убиството на Анкица се случи во неделата, на 2 јуни, во нивниот семеен стан во населбата Раковица во Белград.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button