Бремената Ана Севиќ го тужи поранешниот маж!? Дарко Лазиќ ова не смееше да го направи
Пејачката Ана Севиќ реши да им застане на патот на прозивките на поранешниот сопруг Дарко Лазиќ, кој ја користи секоја можност за во медиумите да ја прикаже како неверна и неморална жена.
Конкретен повод за ваквата реакција на Ана, како што се наведува, е еден од последните интервјуа на Лазиќ, во кој пејачот наведува дека Севиќ во текот на бракот наводно била неверна и дека тој лично ја фатил во неверство.
Поради нивната ќерка Лорена, Ана никогаш не сакала да потегнува драстични мерки, да го тужи или да го зборува по медиумите, но неодамна го смени својот став и одлучи да постапи поинаку.
„Ана на почетокот беше во шок кога слушнала дека Дарко насекаде ја озборува, а потоа таквите приказни ги читала и во медиумите. Му се јавувала и го прашувала поради што тоа го прави сега и зошто измислува, а тој се колнел дека никогаш не изјавил такво нешто и дека новинарите лажат. Секогаш сѐ се завршувало на тоа дека тој успевал да ја увери дека никогаш ништо лошо не рекол за неа, раскажува извор близок до некогашната двојка.
„Ана наскоро влегува во петтиот месец од бременоста и стрес воопшто не ѝ треба, а уште помалку ѝ треба да чита за себе дека е прељубница и неморална жена. Свесна дека нејзините деца утре, кога ќе пораснат ќе имаат пристап до тие текстови и сака на сите да им докаже дека Дарко лаже“, вели извор, додека Севиќ не била расположена да говори за таа тема за медиумите.
„Знаете дека мојот став е за приватниот став да не зборувам во медиумите. Многу нешта излегоа во јавност и покрај мојата волја“, изјави кратко Ана Севиќ.
– Мојата поранешна сопруга избра момче што го познавам од порано. Како го познавам? Па ние бевме во брак, а Ана паралелно беше и со Даниел. Односно таа ме изневеруваше се додека не дознав за тоа. Ништо во животот не е случајно, па така ни нашиот развод. Во врска со Лорена, нашиот договор функционира одлично“, изјави Дарко, а пренесуваат познатите српски таблоиди Курир и Свет.
„Никогаш нема да дозволам Лорена да го вика Даниел татко, ниту пак таа го вика така. Даниел за неа е Даниел, Марина е Марина. Таа има своја мајка и татко“, вели 27-годишниот пејач. Иако до сега се шушкаше дека причината за нивната разделба бил бурниот и проблематичен живот на Дарко, а многумина обожаватели на музичкиот пар го обвинуваа пејачот дека ја изневерува сопругата, според изјавата на Лазиќ, сепак неверството на Ана Севиќ е главната причина поради која тие решиле да се разделат, иако имаат ќерка.
– Знаев дека ме мами и молчев да видам до каде ќе оди тоа. А само требаше да ми каже: „Јас се вљубив“. Илјада пати ја прашав, негираше. Сите знаеја, па и јас, таа се правеше луда. Цел град ме исмејуваше. На крајот го повикав него и го прашав дали оди со мојата жена. Не, другар, тамам работа, ми виакше тој. Немој да бидеш безобразен, кажи ми. Немој да прави мајмуни и од мене и од тебе. Ако сте заедно, заедно сте“, го убедував, но тој се негираше, се присетува фолкерот Лазиќ за тогаш, мрачната страна од бракот со Ана.
Деновите се зборува дека пејачката Ана Севиќ и нејзиното момче Даниел Недељковиќ наводно ќе се венчаат на пролет идната година, дури откако ќе се породи по втор пат. Од првиот брак со Дарко Лазиќ, ја има ќерката Лорена.