Реклама
Холивуд

Бред Пит и на 55 години успеа да ги запали социјалните мрежи

Реклама

Бред Пит и на 55 години изгледа неодоливо

Познатиот холивудски актер се нема појавено на насловна страна од 2017 година кога во светот одекна веста дека се разведува од Анџелина Џоли.

Маркетинг

Но сега, од неговите нови фотографии што ги објави познатиот магазин „GQ“, милиони жени ширум светот останаа без здив. Тие предизвикаа бура на социјалните мрежи, а коментари како „Кога ќе престанам да се палам на него и зошто никогаш?“ беа едни од најзастапените под секоја од нив.

Маркетинг

„Станува збор за тоа дека стануваш само проклето постар. За тоа како повеќе си свесен за времето, и дека имаш поголемо искуство, добро или лошо, со луѓето. Твоите сопствени победи и загуби – колку си постар не ти делуваат повеќе толку важно. Со кој го поминуваш времето, како го минуваш времето – тоа ми стана многу позначајно“, изјави Бред.

Познатиот холивудски актер меѓу другото објасни и дека поминал низ различни фази на духовноста, но дури неодамна ја сфатил суштината која што ја посакувал.

„Во животот поминав низ сé. Пораснав како христијанин, секогаш сум го испрашувал поимот вера, а потоа заминав по својот пат и станав агностик. Пробав и некои духовни работи, но едноставно не се чувствував добро. Потоа решив да бидам атеист, сакав да бидам бунтовник, но ни тоа не бев јас. А потоа дојде се’ на свое место, и сфатив дека се враќам на ова да верувам, но го мразам зборот духовност. Едноставно верувам дека сите сме поврзани“, заклучува тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button