Бредли Купер чека второ дете?

Оваа вест изненади многумина

Откако се раздели од руската манекенка Ирина Шајк, 44 годишниот актер Бредли Купер не престанува да го полни медиумите. Најпрво поради наводната врска со Лејди Гага со која глумеше заедно во филмот „A star is born“, а сега, како што пишува порталот „Celebrity Hush“, Бредли и фрлил око на Џенифер Гарнер, поранешната сопруга на Бен Афлек.

ADVERTISEMENT

Како што наведува споменатиот портал, Џенифер неколку пати била забележана како доаѓа и си заминува до неговиот дом во Лос Анџелес. Нивната љубов наводно е во одлична состојба, а изворот за овој портал откри дека парот својата врска планира да ја подигне на повисоко ниво, па би можеле да добијат и заедничко дете. Иако овие гласини на многумина им звучат необично, факт е дека Џенифер и Бредли се блиски пријатели, а се запознаа кога заедно глумеа во серијата „Allias“ во која таа ја имаше насловната улога.

Да потсетиме, Бредли и Ирина се разделија по четири години врска. Постојат бројни гласини за вистинската причина поради која се разделиле, а наводно се започнало поради неверството на Бредли, како и страсниот однос со пејачката и актерката Лејди Гага. Парот има и двегодишна ќерка, Леа де Сиена, а неодамна се договорија за старателството.

Џенифер Гарнер во брак со Бен Афлек беше од 2005 до 2018. Таа од овој брак има три деца.

Facebook Comments
(Visited 210 times, 1 visits today)