Брачниот пар од Македонија што го воодушеви целиот Балкан – Ленче и Горан Кукиќ никогаш посреќни
И нивниот наследник се занимава со музика
Брачниот пар Ленче и Горан Кукиќ ги воодушевија сите со нивните настапи на овогодинешниот фестивал „Охридски трубадури“.
Тие освоија дури три награди, од кои две Ленче, а една нејзиниот сопруг Горан за најдобра интерпретација со песната „Уште си најубава“.
Од друга страна Ленче со песната „Добри ангели“ го освои жирито и ја доби првата награда од стручното жири, а ја освои и првата награда што ја доделуваат новинарите што го следеа „Охрид фест“.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Прво место пак, според гласовите на публиката, му припадна на фолк-пејачот Благоја Грујовски со песната „Ноќва Охрид не спие“.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Потсетуваме, Ленче и Горан по триумфот во „Никогаш не е доцна“ станаа познати во целиот регион и еден од омилените парови.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Тие имаат складен брак веќе скоро три децении, а своето судбоносно да го имаат изговорено во 1996 година во Струмица.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Денес со музика се занимава и нивниот син Иван, кој свири со бендот на Влатко Стефановски, а има и свои песни.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Во продолжение погледнете го и неговиот најнов спот за песната „Друмови“, но и победничките песни на неговите родители.