Брачен пар 18 години секое утро игра „Марио Карт 64“ – кој ќе изгуби прави чај и за двајцата

Корисникот кој се претставува како bork1138 на „Reddit“ објави фотографија на која наводно се неговите родители.

Како што вели тој, неговите родители веќе 18 години секое утро најпрво ќе изиграат неколку партии од популарната видео игра „Mario Kart 64“ и оној што ќе изгуби тој ден треба да прави чај и за двајцата. На неговиот профил на Инстаграм објави фотографија за која тврди дека е направена во 2014 година, а на неа неговите родители го прават истото. „Моите родителите секој ден играат Mario Kart 64 за да видат кој ќе прави чај тој ден. И после јас сум дете”, напиша тој.

ADVERTISEMENT

Тој откри и дека татко му секогаш го избра Тоада, а мајка му Вари за трки за издржливост и Јоши за трката за Гранд При.

Синот тврди дека му ја купиле играта за Божиќ 1999, но на крај тие нашле многу поголемо задоволство во неа отколку тој.

Facebook Comments
(Visited 2 times, 1 visits today)