Да и ја скратиш косата на својата сестра додека родителите не се во близина е дефинитивно една од катастрофите во детството што нема никогаш да ги заборавиш.
И токму таквиот непријатен настан нема да го заборави Стефи Ли, чиј син прво на себе си ја скрати косата, па и на својата помлада сестра, со електрична машинка.
Стефи немилиот настан го забележа на Инстаграм, а нејзиниот брат, Јан Хагорн, одлучи да го сподели смешеното видео на Твитер.
„Мојот внук најде електрична машинка и полуде”, напиша тој.
Кога Стефи ја запрашал нејзината ќерка, дали ѝ се допаѓа новата фризура, девојчето веднаш одговори: „Не! Мама, изгледам како момче!”
Но, нејзиниот син вели дека сестра му многу ја сакала новата фризура и едвај чека да ја покаже на останатите. Освен на сестрата постариот брат тргна да ја шиша и коста на помалото братче , но навреме беше спречен од својата мајка.
И додека некои родители би се извадиле од памет кога би ги виделе децата во ваква ситуација оваа мајка смирено им објасни на своите деца дека ова е само коса и брзо ќе порасне.
Y’all, my nephew found the electric shaver and went wild 😂😂😂😭😭😭 pic.twitter.com/qdPbwYzs10
— Ian Hagadorn (@itsiannn) April 13, 2019