Вирално

Браво за Рубинчо од Кривогаштани – на своите сограѓани им дели бесплатно заштитни маски

Advertisement

Пред секоја аптека ќе забележите гужва – граѓаните сакаат да купат заштитни маски и средства за дезинфекција, но во повеќето ова го нема.

Advertisement

Поразговаравме со една вработена во аптека во Скопје која ни кажа дека маски за лице нема веќе неколку дена и дека најверојатно откако ќе ја добијат следната пратка ќе даваат само одреден број на едно лице.

Што се однесува до цените и Пазарниот инспекторат потврди дека цените на овие производи се покачени (на некои места и до 60 денари), а министерот Филипче пред неколку дена рече дека покачувањето на цената на заштитните средства од вирусот е поради покачување на цените при увозот.

Позитив на денот

И додека во Скопје не може да се најде маска ни за лек, во Кривогаштани Рубинчо Благадуша, сопственик на земјоделските аптеки „Стефан“ на своите сограѓани им сподели околу 1500 маски за превентива од вирусот.

Advertisement

 

Бројот на заболени ќе се зголемува

Епидемијата на заболувањето Ковид-19 е во силен ек, а секоја епидемија има тек, односно почеток, па акцелерација, па пик и понатаму намалување. Согласно ова, ние очекуваме бројот на заболени да се зголемува, рече на прес конферецијата пред малку министерот за здравство Венко Филипче.

Рече дека сега е најважно да се спречи локалната трансмисија. Моментно има 26 заболени, а тројца се нови од денеска.

„Останете дома – не контактирајте со луѓе – не се задржувајте во маркетите и одржувајте лична хигиена. Се надевам пикот нема да е остар, рече Филипче.

Денеска беа тестирани дестмина а позитивни се тројца. Филипче рече дека имаат солидни капацитети.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button