Борко и Нина го откриј полот на бебето: И двајцата блескаат од среќа, но ПОГЛЕДНЕТЕ кој се радуваше најмногу на прославата!
Наполни 30 години и ужива во втората бременост.
Шармантната сопруга на македонскиот „министер за одбрана“ Борко Ристовски, Нина, вчера вечерта во блажена состојба го прослави својот роденден.
Таа заедно со пријателите и семејството славеше во еден ресторан, а на прекрасен начин го откри и полот на бебето.
Имено, Нина вчера славеше роденден, а на роденденот сподели и објава со која ги воодушеви своите следбеници.
Таа откри дека конечно и се остварил сонот да ја роди својата најдобра другарка, односно дека очекува женско дете.
На прославата беше и нивниот наследник Душан кој е пресреќен што наскоро ќе си добие помала сестричка.
Нина на својот Инстаграм сподели и видеа на кое заедно со синот го дознаваат полот на бебето и сите блескаат од среќа.
Наскоро почнаа да се редат честитки на социјалните мрежи, како за роденденот, така и за приновата во семејството.
Среќното семејство со нетрпение очекува во нивниот дом да стигне малата принцеза, а најмногу се радува малиот Душан кој наскоро ќе го има најубавото друштво за играње.
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска