Бора една од своите најпознати песни ја напишал за оваа Македонка – во младоста бил вљубен во неа?!
И македонската пејачка се огласи по веста дека била во голема љубов со Бора Ѓорѓевиќ
На погребот на пејачот Бора Ѓорѓевиќ кој беше закопан во родниот Чачак имаше илјадници луѓе од целиот Балкан.
Покрај семејството, пријателите и неговите фанови на погребот беа присутни и бројни колеги што зборуваа за детали од неговиот живот.
Една од нив беше и пејачката Маја Николиќ која за медиумите откри една голема тајна која што рокерот со години ја криеше од јавноста.
Инстаграм/ Маја Николиќ
Како што изјави таа, Бора наводно пред 50 години бил вљубен во пејачката Мака Оџаклиевска и таа бил негова голема љубов.
„Се блескаше од емоции и љубов помеѓу нив двајцата. Песната ‘Неке су жене пратиле војнике’ тој ѝ ја посвети на неа“, откри пејачката Маја Николиќ за српската Република додавајќи дека Бора во тоа време бил голем шмекер и дека имало многу девојки околу него.
Принтскрин/ Јутјуб
И откако оваа вест беше пренесена во медиумите, се огласи и Маја Оџаклиевска, која изјави дека тоа не е вистина.
„Јас да бев голема љубов на Бора Ѓорѓевиќ вие досега би го знаеле тоа. Не фаќајте се за изјавите на Маја Николиќ. Тоа е мојот коментар“, изјави пејачката Оџаклиевска за српските медиуми.
Принтскрин/ РТС, Како целиот нормален свет
Потсетуваме, Маја Оџаклиевска своевремено својот однос со Бора го опиша како пријателски и дека немало ништо помеѓу нив.
Принтскрин/ Јутјуб, Женска ТВ
оминав добар дел од животот дружејќи се со Бора, изјави Маја во една пригода, па го додаде и следново:
„Се сеќавам, зборуваше дека има момче кое сигурно ќе се вклопи добро и дека е голем талент бидејќи е перспективен, тоа беше Бајага. Никогаш нема да ги заборавам румените и црвените образи на Бајага кога влезе во групата“, изјави тогаш Маја откривајќи дека навистина била блиска со Бора.