Реклама
Наши ѕвезди

Болна исповед на убавата Турчинка што глумеше во „ЌЕРКАТА НА АМБАСАДОРОТ“ – тешката бoлеct се уште и прави проблеми

Реклама

Најубавата турска актерка искрено за опасната болест заради која мораше да го напушти снимањето на „Ќерката на амбасадорот“.

Откако се онесвести на сетот од серијалот „Ќерката на амбасадорот“, турската актерка Неслихан Атагул сфати дека ситуацијата со нејзиното здравје е сериозна. Нејзе претходно и беше дијагностицирана тешка болест на цревата, заради која по 36 епизода мораше да го напушти снимањето. Остана целосно вез сила, изгледаше бледо и исцрпено, падна на 45 килограми и тогаш изгледаше дека нејзиното закрепнување од синдромот пропустливост на цревата, заради кој в крвотокот влегуваат штетни работи како бактерии, вируси и токсини, ќе трае долго. Но додека беше на домашна нега со сопругот Кадир Догулу (38), актерот во кој се вљуби во 2013 година, и пристигна „непристојна“ понуда од Шпанија.

Маркетинг

Имено, во прашање е улога во трилерот „En los márgenes” (На маргините), на шпанско-аргентинскиот актер и режисер Жуан Диего Бота, во кој Неслихан би требало да се појави со големите шпански ѕвезди Пенелопа Круз и Луис Тосар и со тоа да добие шанса да се оствари на меѓународен план.

Нејзината здравствена состојба се уште е чувствителна, но се надева дела ќе закрепне до почетокот на снимањето и дека ќе може да замине во Шпанија, бидејќи таква прилика не смее да се пропушти, откри извор близок до убавата Турчинка, која во Шпанија веќе стана ѕвезда.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Турските сапуници се поприлично популарни во оваа земја, а посебно серијата во која што глуми со Бурак Озчивт (36).

Актерката се уште не ја донела конечната одлука дали ќе го прифати проектот со Шпанците, но тоа дека е сериозно заинтересирана покажува и со тоа што неодамна снимаше едиторијал за магазинот „Hola!“. Истото го направи и за турското издание на францускиот „L’Officiel“ и притоа откри детали за својата болест.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

„Почнав да се чувствувам лошо за време на снимањето на серијалот во Бодрум. Продолжив да работам за да не ја вознемирувам екипата и се убедував дека е добро, но кога во краток период изгубив пет килограми – а и онака имам кревка градба –физичките промени беа воочливи. Но, слабеењето на имунитетот и дигестивниот систем не направи проблем само на моето тело, туку и на перцепцијата на стварноста“, изјави таа за познатиот моден магазин.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

„Енергијата ми беше добра, па два месеци откако дознав за дијагнозата продолжив со работа, но физичката сила ме напушти во еден момент и бев приморана да се разделам од екипата“ изјави Неслихан и додаде дека за болеста придонело и исцрпувачкото темпо на работата.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Од овие причини актерката мораше да избегнува стресни ситуации, да мирува и да спие по повеќе време, а тоа го можеше само во својата вила која вреди повеќе од еден милион евра и се наоѓа во елитната населба во Истанбул.

Таа тогаш одлучи да ги промени и животните навики, па така наместо шеќер, месо, млеко и рафинирани јаглехидрати почнала да консумира пробиотици, а алкохолот и цигарите и биле потполно забранети.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Тогаш многумина не и поверуваа на Неслихан дека е болна, а имаше и такви кои ја обвинија дека си заминала од серијалот бидејќи е зависна од дрога. Некои пак сега мислат дека болеста е измислен за да им се посвети на меѓународни проекти и снимања за странските магазини.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Но продукцијата потоа потврди дека во прашање се сериозни здравствени проблеми и објави дека заради нејзиното заминување ќе мораат да го сменат сценариото. Тие и се заблагодарија за придонесот и макотрпната, посветена работа, а воедно и посакаа и што побрзо да закрепне.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Во меѓувреме нејзиниот лик го замени Туба Бујукустин (38) позната по улогата во серијата „Аси“.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button