Боки 13 направи хаос во регионот – еве што пишуваат медиумите за контроверзниот водител и шоумен од Македонија
Боки не преставува да го изненадува сите
Откако пред неколку дена го објавивме текстот за Бојан Јовановски и за неговата неверојатна трансформација, не верувавме дека истиот ќе предизвика толку големо внимание. Имено откако беше преземен од повеќето портали од Македонија (мислам дека ви е јасно како тоа оди кај нас, нели?), позитивната физичка трансформација на Боки 13 предизвика големо внимание и во медиумите во регионот. Па така хрватскиот „24sata.hr“ објави дека контроверзниот македонски водител и шоумен, кој за едни бил симпатичен, за други не можеле да го поднесат, пред две години изгубил 60 килограми и станал непрепознатлив.
Покрај хрватскиот „24sata.hr“ и многу други портали од регионот ја објавија приказната за Боки, па еве и ние да се потсетиме на неговите почетоци.

Арена Б-13
Имено, Бојан пред да ослабне „фураше“ и многу поразличен имиџ од оној што го носи сега. Тој тогаш имаше 130 килограми, носеше женска облека и се шминкаше, и благодарение на неговата појава беше еден од најпознатите шоумени и тоа не само во Македонија, туку и во целиот регион.
Тој имаше и своја емисија на телевизија „Пинк“ која се викаше „Арена Б-13“, а во 2012 година го објави албумот „Не плаши од огледалото“ со кој заплови и во музичките води.
Беше и дел од реалните шоуа „Фарма“ и „Големиот брат“, каде отворени и директно зборуваше со останатите учесници и поради тоа се караше со нив.

Боки без вишокот килограми
Бојан денес „фура“ посебен моден стил и можеме слободно да кажеме дека е една од најоригиналните машки модни икони на Балканот, па и пошироко.

Инаку, Боки минатата година ја отвори сопствена телевизија 1 ТВ во која покани многу познати новинари од Македонија, но и ѕвезди. Па така кај него емисија доби и Тијана Дапчевиќ (43), а неговата телевизија беше првата адреса на која се појави Тамара Тодевска откако се врати во Македонија по генијалниот настап на Евровизија.

Боки како лек за досадниот Балкан
Боки досега многу пати ја има покажано и својата хумана страна помагајќи им на овие на кои помошта им е најпотребна, а веруваме дека тоа ќе го прави и во иднина.
„Да ви кажам нешто, искрено, не се враќам медиумски за да заработам пари, туку заради луѓето кои ме сакаат, а и за малку да ги нервирам оние другите. Досадно е, ништо не се случува. Јас сум лек за досадниот Балкан!“ – изјави Боки 13 пред неколку години кога го најави враќањето во медиумите. Тој очигледно тоа и го направи, а како и неговата успешна трансформација во справувањето со вишокот килограми и неговото „враќање“ во медиумите е вистински погодок.
Па, се надеваме дека овој лик и понатаму ќе остане вака упорен во она што го прави и дека и во иднина ќе не изненадува со уште многу позитивни работи…