Боки 13 и фудбалерот Роналдо носат ист џемпер – нема да ви се верува колку платил за него!

Еве на што ги трошеше Боки парите

Бојан Јовановски попознат како Боки 13 веќе цел месец е главна тема во медиумите поради случајот Рекет. Па така откако беше уапсен заедно со Зоран Милевски (Кичеец) бидејќи барале пари од бизнисменот Орце Камчев, медиумите објавија и фотографии и видеа од моментот кога Боки ги подига парите од Орце и тоа во „Луј Витон“ чанта.

ADVERTISEMENT

И доколку скокнете до неговиот профил на Инстаграм веднаш ќе забележите дека Боки е опседнат со скапоцени брендови. Па така покрај бројните модни парчиња од најпознатите дизајнерски куќи Боки има и еден џемпер со кој покажа дека има ист вкус како Роналдо.

Во прашање е џемпер од „Балман“ со британското знаме. Боки овој моден детаљ го носеше со мокасини и беж тесни панталони, а посебен детаљ му беше орденот од Легија на честа на Франција со кој се фалеше во реалноста и на социјалните мрежи, а кој очигледно не е вистинит.

Balmain Union Jack Linen and Cotton-Blend Sweater -$1,010

Што се однесува до цената на овој џемпер од познатата модна куќа, во прашање е моделот „Balmain Union Jack Linen and Cotton-Blend Sweater“ за кој треба да издвоите преки 1000 долари доколку сакате да го имате.

Facebook Comments
(Visited 1.448 times, 11 visits today)