Боки Тредичи заврши во Шутка заради Јелена Карлеуша?

На нашето „ријалити“ му нема крај

Српскиот портал „Курир“ објави дека Бојан Јовановски во повеќе наврати позајмувал пари од својата пријателка Јелена Карлеуша, па за да и ги врати, одлучил да го рекетира бизнисменот Орце Камчев за сума од 1.5 милиони евра. Според нивниот извор Бојан Јовановски попознат како Боки 13 за да се извлече од финансиските проблеми во кои што западнал, решил да прибегне кон криминални дејствија, па ги искористил своите познанства со високи претставници од извршната и судската власт во Македонија, за да му обезбеди слобода на бизнисменот Камчев.

ADVERTISEMENT

Боки и Карлеуша се познаваат веќе со години, а тој беше близок и со нејзината мајка Дивна. Тој го искористил пријателството за да позајми од пејачката пари, а кога западнал во криза, одлучил на лесен, но валкан начин да дојде до поголема сума на пари, вели изворот за Курир.

Поради ситуацијата во која што се нашол Боки ќе реши да преговара со Камчев. Почетната сума која што ја побарал од него биле 8 милиони евра, но на крајот доби само 1.5 милиони евра, и тоа во кеш, спакувани во скапоцена чанта Луј Витон. Видеото на кое се гледа како Боки ги презема парите и ги изнесува од куќата на Орце го објави италијанскиот весник „Лаверита“, а направена е на 20 февруари. За неколку дена Камчев е на слобода, а Боки 13 е уапсен на граничниот премин со Грција, па однесен во Шутка.

Колку тој беше близок со мајката на Јелена, Дивна Карлеуша, покажува и статусот на Боки што го сподели на Инстаграм откако Дивна ја изгуби битката со тешката болест. Како што вели самиот, таа му ги плаќала ручеците во луксузните ресторани и го прифатила како никој.

„Додека бев облечен во женска маица и здолниште ти секогаш гордо чекореше со мене, ме развеселуваше и ми даваше поддршка во Белград, додека другите ми се смееја. Ми беше како втора мајка, беше со мене кога ми беше тешко, кога ми беше најпотребно! Беше со мене и веруваше во мене. Прва ме однесе во нашиот омилен ресторан во Белград, никогаш не ми дозволи да ја платам сметката за ручек или вечера, беше најопасната жена која некогаш сум ја сретнал. Беше скромна и голема, имаше срце, срцето на голем лав, имаше мудрост, имаше љубов! Беше единствена, посебна и непобедлива, беше Дивна! Имав среќа што познавав таква личност во животот како тебе. За мене секогаш ќе бидеш единствена и незаборавна Дивна (најдивна) Карлеуша. Збогум, драга моја Дивна. Дивна и Јелена не беа само мајка и ќерка, тие беа борци во битката на животот. Почивај во мир “ напиша тогаш Боки.

Facebook Comments
(Visited 667 times, 1 visits today)
Loading...