Еврејската историја ја вклучува историјата на еврејскиот народ, вера и култура.
Еврејската историја покрива период од речиси шест илјади години од времето кога била основана оваа религија.
Евреите се антички народ, создавачи на првата монотеистичка религија – јудаизмот. Нивната историска прататковина е Палестина. Историјата на Евреите, е позната од текстовите во Библијата, а кои се потврдуваат со археолошките наоди во сегашната држава Израел.
Прочитајте ги овие еврејски поговорки:„Родителите ги учат децата да зборуваат, децата ги учат родителите да молчат.“„Мажите би направиле повеќе работи кога жените би молчеле.“
„Потешко е да се молчи отколку да се зборува добро.“„Лошата жена е полоша од дождот: дождот ве тера да се приберете во домот, а лошата жена ве брка од домот.“„Боже, помогни ми да станам, да паднам можам и сам.“
„Ако имаш горчина во срцето, шеќерот во устата нема да ти помогне“. “Господ нека ве чува од злобни жени, а од добрите чувајте се сами“.„Само ти биди здрав, богат и непознат“…“Кога ви се чини дека нема излез од некоја ситуација, има барем 4“.„ Мудриот човек слуша еден збор, а разбира два“..