Блазеси ѝ на Тања Лазаревска, сопругот сѐ ѝ помага: Погледнете какво ремек дело направија во кујната
Тања се пофали со ремек делото што го направија заедно со сопругот во кујна.
Фолк-пејачката Татјана Лазаревска, нејзиниот сопруг и колега Новица Василевски и нивните синови Петар и Стефан веќе долги години живеат во далечната Австралија.
И покрај тоа што во Македонија имаа успешна кариера, Тања и Новица одлучија да се преселат од овде.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Лазаревска
Селидбата никако не значеше и престанување со музика и пеење.
Напротив, и Тања и Новица се постојано ангажирани како пејачи на македонските веселби во Австралија.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Лазаревска
Според она што може да се види на нивните социјални мрежи, а делуваат доста искрено, во нивниот дом владее хармонија и спокој, а семејството во секој момент е подготвено за песна и веселба.
Често во својата куќа угостуваат пејачи од Македонија, кои се дојдени на турнеја низ Австралија и приредуваат одлични забави.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Лазаревска
Освен што се одлични пејачи, тие се и прекрасни домаќини.
Најмногу сакаат да подготвуваат традиционална македонска храна и месени работи.
На Тик Ток се пофалија дека успеале да направат и совршени меки кифлички, кои кога ќе ги видите веднаш ќе ви се пријаде.