Благица Павловска МОЛИ ЗА ПОМОШ: „Ми го снема од дома” – пејачката скршена од болка
Македонската фолк дива преку Фејсбук испрати апел за помош.
Благица побара помош од граѓаните да се пронајде нејзиниот верен другар.
Благица Павловска ги обожава животните, а нејзиниот Фејсбук профил е преплавен со апели за помош на бездомните и повредени животни.
Таа освен што има свои домашни миленичиња, се грижи и за напуштените, незгрижените улични кучиња и мачки.
Дека навистина не се двои од своите животни, докажува и тоа што на свадбата на нејзината колешка Јасмина Мукаетова , Благица се појави со нејзините три кучиња.
Секогаш кога во некоја несреќа ќе изгуби некое свое животно, таа тоа многу тешко го прифаќа.
Пејачката скоро секој ден е активна на Фејсбук, но профилот ѝ служи најчесто за упатување на хумани апели.
Понекогаш знае да сподели и некоја фотографија од своето секојдневние.
Овој пат таа побара помош за нејзиното милениче.
Благица побара помош од граѓаните да се пронајде нејзиниот верен другар.
Како што самата напиша, нејзиното куче само излегло на прошетка и повеќе не се вратило.
„Белчо ми го снема од дома! Излегуваше и се враќаше. Едноставно како со рака да го однесе некој. Ве молам, во населбава се движеше по нашата улица и ливада, ако некој го забележи да ми јави. Во инбокс”, напиша Благица.
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска