Блага Петреска откри кој е нејзината најголема љубов во животот – ЧЕСТИТКИ ПРИСТИГНУВААТ од сите страни
Внуките на македонската пејачка пораснаа во вистински убабици, а сега семејството имаше голема причина за славење.
Пејачката Блага Петреска со својата насмевка и ведар дух, умее да го расположи секој човек што ја гледа и слуша.
Таа е буквално мелем за ушите и очите.
Во денешно време, кога преовладува кичот, сепак хитовите кои се испеани во нејзино време одново и одново се слушаат и без нив не може да помине ниту една прослава и веселба.
Внуките на пејаката Блага Петреска се вистински убавици.
Секогаш весела и насмеана, Блага Петреска не можете да ја видите во лошо расположение.
На сцена е разиграна и енергична, затоа што максимално е посветена на својата работа и е голем професионалец. Но, исто така и ужива во тоа што го работи.
Сепак, животот не ја мазел и не секогаш ѝ се случувале само добри работи.
Во едно свое интервју кажа дека иако имала тежок и мачен живот, не ја трга насмевката од своето лице.
Блага Петреска уште на млади години доживеала силен животен удар. Таа била многу млада кога починал нејзииот сопруг со кој ги има двете деца, ќерката Оља и синот Олег.
„Мене ми се случи вистинска љубов и две деца од истата. Кога останав сама одлучив да не ги повредам моите деца затоа што тие многу го сакаа татка си. Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно за ништо да не им фали, само да учат, да завршат факултет.. Така и бидна, вели пејачката.
Таа додава дека децата се гордеат со неа и таа со нив.
„Мојот син, веќе сите го познавате, е извонреден професор, диригент и среќно оженет со исто така извонредна вилионистка Ана Кондратенко со потекло од Русија која сега е права Македонка. Ќерката и зетот исто така среќни живеат во странство. Имам три внуки и еден внук. Што друго би посакала“, раскажа Петреска.
Блага живее стан до стан со својот син и неговото семејство, па има можност секојдневно да биде со нив.
Таа и нејзината снаа Ана Кондратенко го рушат стереотипот за „проблематичниот онос снаа-свекрва“.
Ана е исклучителен музичар со став, атрактивна дама со волшебни зелено-сини очи, сопруга на врвен музичар и мајка на две деца.
Во секое нејзино интервју ја спомнува и својата свекрва за која вели дека е среќна што ја има, односно што има разбрана, паметна, убава и позната свекрва.
Вели дека многу научила од неа, но и дека најмногу ѝ се допаѓа што имаат слични ставови во воспитувањето на децата.
Блага како и сите баби, многу им попушта на децата, но не ги разгалува за да се доведе во ситуација родителите да го изгубат авторитетот.
Ана и Олег се родители на две прекрасни ќерки, кои пораснаа во вистински убабици.
Не се многу активни на социјалните мрежи, но понекогаш знаат да споделат по некоја смеејна фотографија.
Постарата нивна ќерка Леона сега има 19 години, додека помалата пред неколку дена наполни 15.
Гордата мајка сподели нејзина фотографија на Фејсбук и јавно ѝ го честиташе роденденот.
„15. Нашето уживање и изгрејсонце”, напиша Ана во опис на фотографијата.
И бабата ја прешерна фотографијата за и таа јавно да ги напипе своите желби за својата нследничка.
„На мојата душа, мојата љубов среќен роденден и остани таква ПОСЕБНА”, напиша пејачката.
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска