Блага Петреска во друштво на ЛЕГЕНДАРНИОТ АКТЕР – сподели рeтка снимка со која ја воодушеви публиката

Македонската фолк-дива сподели снимка од себеси во младоста, во друштво на популарниот македонски актер.

Блага Петреска успешно опстојува на врвотна македонската музичка сцена веќе долги години.
Иако одамнс веќе не објавила ништо ново од себе, сепак нејзините песни и понатаму се слушани, а без нив не може да помине ниту една прослава во земјава.
Во текот на својата кариера има соработувано со многу свои колеги, големи музички имиња.

И покрај импозантната кариера таа секогаш цврсто стои на земја, секогаш е достапна за своите фанови.
Ведра, насмеана, скромна, таа се труди секому да му обрне внимание.
Освен што и понатаму е активна во музиката, Блага е посветена мајка и грижлива баба.

Нејзината ќерка се одлучи за новинарска професија и замина од Македoнија, додека пак нејзиниот син ја освои публиката како виртуоз на виолина.
Олег, синот на пејачката, инаку е оженет со извонредната виолинистка Ана Кондратенко која по потекло е од Русија.

Интересно е тоа што Ана и Блага имаат извонреден однос и го рушат стереотипот за „проблематичниот однос снаа-свекрва“.
Блага инаку е и активен корисник на социјалната мрежа Фејсбук, која ја користи за промовирање на нејзината музика, но понекогаш знае да сподели и фотографии од приватниот живот.

Овој пат таа сподели стара снимка од претставата “Коштана” со која ги воодушеви сите.
Имено, таа три и пол децении била вработена при операта на Македонскиот народен театар во Скопје како член во хорот. Ја играла насловната улога во драмата „Коштана“ заедно со Петре Прличко.

Блага се потсети на овие златни времиња и сподели ретка снимка на која е заедно со Петре Прличко.
„Да се подсетиме на големиот ПЕТРЕ ПРЛИЧКО во улога на Митке – Коштана”, напиша таа во опис на видеото.

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин