Битолската Бијонсе се надмина себеси – по змијата сега повторно ги „ШОКИРАШЕ“ сите со својот костум во „Ѕвездите на Гранд“
Марија Груевска повторно шокиpaше во позитивна смисла на зборот кога се појави на грандиозната сцена.
Талентираната битолчанка веќе ги навикна како членовите на жирито, така и публиката, на сцената во Ѕвездите на Гранд да направи вистински спектакл.
Откако во претходната емисија се појави со голема змија на сцената, а претходно со ореол на главата, таа во последната емитувана емисија од популарното шоу реши да си даде предизвик самата на себеси.
„Како ќе го надминеш ова?“ ја прашаа членовите на жирито откако на сцената се појави со големата змија.
И додека многумина мислеа дека тоа ќе биде еден од нејзините најшо-кантни настапи пред камерите, Марија повторно ги изненади сите. Имено, таа во последното издание се појави во уште едно впечатливо издание, овој пат инспирирано од венецијанскиот карневал.
Облеката што ја носеше имаше сошиено маски, а една од нив за време на настапот носеше на своето лице.
Инаку, меѓу првите нејзини настапи со кои го привлече вниманието на јавноста беше кога се појави во златниот фустан.
Во прашање беше креација со големи димензии со која кога излезе на сцената на многумина им застана здивот.
Посебно внимание тогаш привлече и со помпезниот фасцинатор во облик на ореол од католичката иконографија.
Вакви слични изданија досега можевме да видиме на светската сцена иако досега ниту една натпреварувачка во „Ѕвездите на Гранд“ не отишла толку далеку во своите модни егзибиции како што тоа го направи Марија.
Да потсетиме, во слично издание можевме да ја видиме Бијонсе на доделувањето на Греми наградите во 2017.
Исто така и новосадската Барбика, Наташа Беквалац, на еден од своите последни концерти се појави во слично издание.
Покрај ова „златно“ издание Марија беше и вдoвица, па танчарка, потоа калуѓерка и cтpиптизета, па лyда тинејџерка и жена гpeшничка (Ева).
„Нашата цел е да покажеме дека жената, каква и да е, заслужува милост и љубов. Сакаме да кажеме стоп за нacилcтвото над жените и стоп за пaлењето, некогаш на телата, а сега тоа го прават со зборови, бидејќи односот кон жената како суштински воопшто да не се променил“.
„Жената се уште ја третираат како да е помалку вредна од мажите, а во суштина секоја жена сака и би требало да биде сакана“, изјави Груевска по настапот во интервју за порталот „24седум.рс“.
Повеќе детали од необичните изданија на Марија погледнете во галеријата што следува.
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска (Ѕвездите на Гранд)
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска (Ѕвездите на Гранд)
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска (Ѕвездите на Гранд)
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска (Ѕвездите на Гранд)
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска (Ѕвездите на Гранд)
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска (Ѕвездите на Гранд)
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска (Ѕвездите на Гранд)
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска