Реклама
Вирално

Била лично обезбедување на Гадафи а на крајот едвај спасила жива глава: Цели 11 години работела за него а сега е среќна што воопшто останала жива!

Ова искуство ќе го памети засекогаш...

Реклама

Дијана Стевановиќ од Србија реши јавно да ја сподели својата приказна за животот во Либија.

фото Фејсбук/Дијана Стевановиќ

Имено таа имала можност да се запознае со Гадафи а воедно да стане и дел од неговиот круг на доверливи луѓе.

Маркетинг

фото Фејсбук/Дијана Стевановиќ

Дијана од фризерка стана врвен обезбедувач на Гадафи.

Маркетинг

Но за жал нејзината приказна во Либија не завршила славно па на крајот едвај се спасила.

фото Фејсбук/Дијана Стевановиќ

Откако завршила средно училиште како фризерка во Бјелина, таа одлучила да замине во Либија каде нејзината мајка работела како медицинска сестра. По една година решила да остане таму, а потоа судбината замешала прсти.

фото Фејсбук/Дијана Стевановиќ

„Мајка ми со години работеше како медицинска сестра во воена база во Ирак. Таа отиде во Либија во 1988 година и таму работеше како медицински работник. Кога започна војната во нашата земја, јас и сестра ми отидовме во куќата на мајка ми каде останавме додека не се смири ситуацијата овде. Учевме училиште во Либија и така го научив арапскиот јазик“, истакна Дијана, која зборува и англиски и руски.

фото Фејсбук/Дијана Стевановиќ

Нејзиниот живот сосема се променил кога во нејзиниот салон дошла Сафија Фаркаш Гадафи, девојка која во тој момент како близок соработник била вработена во резиденцијата на семејството Гадафи, раскажала Дијана во интервју за порталот Бијелина Данас.

фото Фејсбук/Дијана Стевановиќ

„Госпоѓа Фаркаш преку своите луѓе инсистираше да се сретнеме. Со оглед на тоа што не ми кажаа кој всушност ми се јавува, туку само дека се работи за ВИП личност, јас бев скептична и претпазлива и не сакав да се согласам. По неколку инсистирања, но и кога ми кажаа која е, се согласив. Многу брзо се најдов во резиденцијата каде ја разубавувам  првата дама на Либија. Покрај мојата професионална работа, г-ѓа Фаркаш беше воодушевена и од моето одлично познавање на арапски јазик“, ја започна таа приказната.

фото Фејсбук/Дијана Стевановиќ

„Мадам Фаркаш, во еден момент ме праша дали потстрижувам и мажи. Откако потврдив, таа ме замоли да останам уште малку за да можам да ишишам уште еден човек. Искрено, очекував тоа да биде еден од нивните седум синови, но јас бев изненадена кога лидерот на Либија влезе во собата придружуван од неговата чуварка. Во истиот момент ме обзеде страв. Тој само ме поздрави на арапски и седна на столот.

фото Фејсбук/Дијана Стевановиќ

Ги зедов ножиците, но рацете ми се тресеа толку многу што воопшто не можев да му ја скратам косата. Додека рацете уште ми се тресеа од нервоза, одолговлекував со шишањето. Во еден момент ме праша дали имам намера да почнам, а јас се уште се тресев. Му реков дека ќе почнам да работам, но дека би сакала да седнам малку и да си дојдам на себе. Ме погледна зачудено и му нареди на обезбедувањето да ми донесе стол. Кога седнав, тој се сврте кон мене и рече дека никој никогаш не го прашал дали може да седне, сите чекаа да им дозволи. Потоа со насмевка ми честиташе на мојата смелост и храброст“, ја опишала првата средба Дијана и додала:

фото Фејсбук/Дијана Стевановиќ

“Му реков на течен арапски дека е подобро да седнам и да се вразумам отколку да му го отсечам увото и да завршам во затвор. На тоа повторно гласно се насмеа, седевме малку и разговаравме”, се сеќава. Дијана.

Откако малку се опуштила, Дијана успеала да му ја скрати косата на Гадафи, а потоа станала и официјална фризерка на резиденцијата.

фото Фејсбук/Дијана Стевановиќ

Дијана станала миленичка на лиерот па во еден момент лично Гадафи и рекол дека започнуваат нова обука за безбедност и дека би сакал таа да стане дел од тој тим.

„Благодарение на мојата работа за семејството Гадафи, посетив многу земји во Азија, Африка, Европа. Лично го придружував Гадафи 11 години, речиси на секое негово службено патување. Тие патувања траеја од три до 15-20 дена. Додека јас самата работев за нив, имав привилегија да се сретнам со многу светски лидери, од Берлускони, Жак Ширак, Тони Блер и неговата сопруга и многу други светски претставници“, рече Дијана која открива дека подготвува книга во која ќе бидат опишани сите детали.

фото Фејсбук/Дијана Стевановиќ

Бегството на Дијана од војна разурната Либија беше сè само не пријатно искуство. Од чиста среќа, таа излегла жива, не сфаќајќи ја сериозноста на ситуацијата на почетокот.

“Побегнав со семејството на многу трауматичен начин. Гадафи ги собра сите свои луѓе кои работеа за резиденцијата и рече – кој сака може да оди. Неколку од нас решивме да останеме. Меѓутоа, во моментот кога добив повик од високо добро позициониран човек од нашата амбасада кој ми рече да размислам добро и дека тоа е последниот воз и дека имам 24 часа да ја напуштам земјата со семејството, тогаш ја сфатив сериозноста на ситуацијата и решив да ја напуштам Либија, “ објасни убавата Србинка која исто така откри дека нејзините колеги од Либија и помогнале да ги извлече мајка ѝ, сопругот и детето од земјата и дека сè уште им е бескрајно благодарна за тоа.

фото Фејсбук/Дијана Стевановиќ

„Нашето излегување од Либија траеше четири дена и тоа беше многу трауматично искуство за моето семејство. Но, излеговме живи и здрави. Беше 27 февруари 2011. Слетавме на аеродромот во Сараево и се вративме во Бјелина без ништо , но живи и здрави“, се присетува Дијана.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button