Бидете подготвени за вториот бран коронавирус: Руски лекари излегоа со седум совети, посебно внимавајте на петтата точка
Светот е збунет дали допрва следува втор бран од коронавирусот или пак ниту тој веќе наголемо се случува со оглед на големиот број новозаразени.
Научниците сметаат дека ковид-19 на есен ќе се врати, и тоа не сам, туку со многубројни „пријатели“ – мали сипаници, грип и други инфекции.
Секоја сезона не напаѓаат и до 200 различни видови вируси, но доминараат еден или два најопасни.
Лекарите советуваат ова време да се искористи секој да го зајакне својот организам. Тогаш нема да ве загрози никаква инфекција – ниту корона, ниту грип.
1. Свежиот воздух го зајакнува имунитетот, а сонцето создава во организмот „залихи“ на животно важниот витамин Д кој помага во одбрана на инфекциите.
2. Возење велосипед, трчање, шетање во природа – било кој вид физичка активност ќе придонесе за ваше здравје.
3. Ако се храните нездраво, сами и отворате врата на болеста. Анализирајте го своето мени: дали храната ви е разновидна, свежа, полна со витамини и минерали?
4. Ако имате некоја хроничка болест – немојте да ја занемарувате.
5. Оставете ги цигарите.
6. Насмевката го продожува животот. Стресот негативно влијае на одбранбениот систем на организмот.
7. Задржете ги добрите навики: мијте раце, носете маски…