Бившата на Дарко Лазиќ испрати силна порака до родителите: Детето ќе се сеќава кој бил тука, а НЕ колку сте потрошиле …
Додека Дарко успешно закрепнува во бања, Ана испрати порака до својата ќеркичка, но и на сите родители.
Пејачката Ана Севиќ и пејачот Дарко Лазиќ имаат ќерка Лорен, на која и двајцата и се посветени. Тие поради несогласувања во бракот повеќе не се заедно, иако се уште официјално не се развеле, но кога станува збор за нивното дете, наоѓаат заеднички јазик. Сепак, бидејќи не сакале детето да го види својот татко во лоша состојба по сообраќајна несреќа што ја доживеа, тие одлучиле дека најдобро е некое време да биде одвоен од својата ќерка.
За неа сега се грижи нејзината мајка, која прави сè за детето да биде среќно и заштитено. Во станот каде што живеат сè е накитено и украсено, како девојчето би се радувало на претстојните новогодишни празници.
Сепак, Ана објави фотографија на Инстаграм со текст што може недвосмислено да се толкува како порака од една мајка.
„Детето ќе се сеќава кој бил тука, а не колку сте потрошиле на него. Децата ќе ги прерастат играчките и облеката, но никогаш нема да ги прерастат љубовта и времето“, напиша таа во својата порака на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/BrgCEhIBSQ2/
Врз основа на таква порака што Ана ја испрати, веруваме дека на малата Лорен не и недостасува внимание и љубов.