Бившата министерка на Зоран Заев го прослави роденденот, па објави ФОТОГРАФИИ од тортата и од лудата забава со пријателите
Една од најуспешните жени во Македонија пред неколку дена го прослави својот роденден, па потоа објави и неколку фотки од прославата.
Иако сè уште многу млада оваа девојка зад себе има успешна кариера.
Поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска неодамна го прослави својот роденден, па како и секогаш со голема насмевка на лицето и очигледно пресреќна ги дувна роденденските свеќички.
Секако следеше и забава со најблиските, а Нина блескаше во едноставен, но романтичен фустан со шарени мотиви кои сезонава се ултра популарни.
„Кога на 33 години ќе ти донесат магични свеќички“ напиша Нина и нагласи дека сака родендени.
Инаку, „бившата“ министерка во владата на Зоран Заев, откако ја предаде министерската функција на Фатмир Бесими, повторно им се врати на своите стари ангажмани кои додека пловеше во политичките води беа ставени во мирување. Една од нив беше и водењето на Асоцијација за е-трговија на Македонија на која таа со задоволство и подеднаква пасија и посветеност и се врати како Претседател.
Таа е доста активна на социјалните мрежи, а според објавите може да видиме дека е посветена на спортот.
„Кога животот станува тежок, стави ги своите боксерски ракавици“ стои на една од позадините на кои позира Нина насмеана и со боксерски ракавици на рацете.
Трчање, бокс, возење велосипед или планинарење се само дел од активностите во кои Нина ужива и споделува фотографии на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска
Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска
Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска
Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска
Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска
Инаку, Нина е првата жена министерка за финансии во Македонија.
Нина е родена во Скопје во 1988 година, а средно училиште завршува во гимназијата Корчагин. Таа ќе дипломира во 2010 година на Кирил и Методиј на Економскиот факултет во секторот Е-бизнис како најдобар студент на генерацијата со просек 9.94. ја има добиено и Манинговата награда за најдобар студент на полето на економските науки.
Во 2012 година станала магистер на економски науки во областа на е-менаџмент, на Универзитетот „Кирил и Методиј“, а во 2016 година стана доктор на науки по организациски науки и управување на истиот Универзитет.
Во 2016 година германскиот магазин „The Hundert“ ја вбројува во 100 успешни жени основачи на старт-апи во Европа, а во 2018 година магазинот „Форбс“ ја наградува со престижното признание „30 под 30“ за Европа во категоријата малопродажба и е-трговија.