Беше со Шабан последната ноќ, а не дојде на погребот – Теа Таировиќ откри зошто на семејството не му изрази сочувство

Младата ѕвезда призна дека по трагичнуот настан немала контакт со семејството Шаулиќ!

Младата пејачка Теа Таировиќ која заедно со покојниот Шабан пееше на неговиот последен настап, не беше на погребот, ниту пак на неговото семејство изрази сочувство, а сега откри и зошто. Имено, иако истакна дека смртта на Шабан ја погодила многу, таа призна дека немала контакт со неговите најблиски роднини.

ADVERTISEMENT

„Му испратив на неговиот внук Лука порака, бидејќи го познавам. Му напишав дека ми е жал. А со другите членови на семејството никогаш претходно немам контактирано и ми беше без врска да се наметнувам и во овој момент – изјави Теа за српските медиуми.

Инаку, медиумите често ја поврзуваа младата ѕвезда со Шабан, а со него често и настапуваше, како и последната ноќ пред фаталниот настан во Германија.

 

Да потсетиме, Шабан Шаулиќ трагично го изгуби животот на 17 февруари во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот во Германија.

Пејачката претходната вечер настапувала со кралот на народната музика, но не се враќала со него за Белград бидејќи имале одвоени летови.

Извор: Espreso.rs
Facebook Comments
(Visited 32.225 times, 1 visits today)