Беше првата Мис на Македонија, а денес во ова кусо фустанче изгледа како тинејџерка – природна убавица од која ќе ви застане здивот!
Поранешната мисица и сегашна водителка избра интересна комбинација за пред камерите
Поранешната мисица Вера Мештеровиќ (42) која денес важи и за една од најубавите водителки на нашите екрани, изгледа одлично за свои години. Таа за едно од своите последни појавува пред телевизиските камери избра мало сиво фустанче кое совршено и стои на нејзиното беспрекорно тeлo, а кое го носеше со сиви чизмички со високи потпетици.
Таа со ва смело издание ги истакна своето витло тeлo и затегнатите нoзе, на кои можат да и завидуваат и многу помлади дами.
Фустанот што го носеше е со куси, широки ракави и со поприлично кус дизајн каков обожаваат тинејџерките.
„Фатална убавина, Преубаво изгледаш кралице“, беше само еден од многуте коментари што Вера ги доби на сметка на својот изглед.
Инаку, Вера беше Мис на Македонија во далечната 1996 година, но за неа времето како да стои.
И по 25 години завидна манекенска кариера, таа се уште е барана и ангажирана поради својот природен изглед, но и заради импозантната висина од над 180 см.
Таа се појави во спотот на Владо Јаневски за песната „Откако си негова“, а пред неколку години ја освои и наградата за најпопуларен модел на Златната бубамара на популарноста, и тоа на свои 39 години.
Таа долги години беше во брак со фудбалерот Игор Кралевски со кого ги доби синот Андреј и ќерката Јована. Тие се разделија пријателски и останаа во добри односи, не сакајќи да прават сензација од нивниот приватен живот.
Како таа изгледаше на почетокот од својата кариера, но и како изгледа денес, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Принтскрин