Беше една од најпознатите дами во Македонија, но веќе со години се занимава со една од најтешките професии
Поминаа 12 години како Ноне работи на брод
Ќе се изненадите од ова издание на Ноне
Ноне Неделковска својата музика кариера ја започна на детскиот музички фестивал „Златно славејче“ во далечната 1995 година.
Ноне тогаш имаше само девет години, а нејзината песничка „Каубои смели“ се уште е хит меѓу најмладата генерација.
Таа потоа, кога порасна, кариерата ја продолжи со учеството во „Музики идол“ и го освои второто место, a потоа следуваат нејзини настапи на повеќе значајни фестивали и бројни нејзини хитови.
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Но Ноне во еден момент реши да ја напушти Македонија и да започне да се занимава со потполно нова професија.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Имено, таа пред точно 12 години се качи на брод и започна да работи на овие големи крузери што пловат низ светот.
Оттогаш познатата велешанка плови низ светот и речиси да нема место што досега го нема посетено, а преку социјалните мрежи редовно комуницира со своите бројни обожаватели од родната земја.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Таа сега објави една фотографија со која ги воодушеви сите, а која се однесува токму на оваа нејзина старо-нова професија.
„Април. 12 години работа на бродовите за крстарење“, напиша Ноне под фотографијата на која изгледа како од разгледница.
Како Ноне изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Потсетуваме, Ноне додека беше пејачка има освоено бројни нагрди и има издадено три студиски албуми.
Нејзини најслушани песни на Јутјуб се „Најди малку време“ и „Одбери ме мене“, а нејзини песни се уште се вртат по нашите радиостаници. Како Неделковска изгледаше тогаш, кога беше на врвот од својата музичка кариера, но и како и денес плени со својот шарм и убавина на социјалните мрежи, погледнете во продолжение…