Реклама
Наши ѕвезди

Беше еден од најпознатите фолкери во Македонија, а денес е доктор по природна медицина – еве како сега изгледа Зоран Ванев

Реклама

Од хитот „Ангела Ангела“ до доктор по природна медицина: Еве каде живее и што работи денес македонскиот пејач

Македонскиот пејач Зоран Ванев ја започна својата кариера во 90-те години. После големите хитови кои го прославија, популарниот пејач со македонско потекло одлучи да издаде албум и за српскиот пазар, со кој оствари голем успех.

Маркетинг

„Ангела Ангела“, „Јужна пруга“, „Лила“, „Моника“ се песните кои ги испеа Зоран Ванев, а кои до ден денес се големи хитови и ги пеат новите генерации, но се помалку го знаат пејачот кој ги изведува.

Во моментот кога неговата кариера тргна во нагорна линија, тој одлучи да се повлече, а во интервјуа за српските медиуми, Ванев откри зошто ја напуштил естрадата, но зборуваше и за својот живот во Швајцарија, каде живее со семејството и работи како доктор по природна медицина.

Фото: Принтскрин

„Би рекол дека имав најава за прекрасна кариера (бидејќи мал временски период бев активен на естрадата), можеше тоа да се оствари затоа што како искусен музичар отсекогаш знаев какви песни мене ми одговараат и што може да е најпривлечено во музиката да исполнам, а публиката да биде воодушевена.

Маркетинг

За жал, ја видов и многу лошата страна на музиката, а тоа е издавање и уценување во врска со хонорарите околу моите настапи. Потоа, многу лошо организирани манифестации, затоа што секој сакаша на брзина од нас уметниците да заработи, секој сакаше на некој начин во името на менаџер повеќе да се плетка отколку чесно да го одработи својот дел од работата.

Фото: Фејсбук / Зоран Ванев

Кога сето тоа ќе го собереш и одземеш таа работа не е баш некое уживање. Јас веќе 25 години сум во Швајцарија и сам некако се научив на ред, дисциплина и коректно работење, што во музиката е непоимливо за сега.

Фото: Фејсбук / Зоран Ванев

До денес никој нема договор за работа која треба да ја одработи како уметник, а да не зборување за било како осигурување ако било што му се случи. Јас како уметник,барем во тие највисоки рангирани продукции очекував некаков професионализам со кој може да градам кариера, а не да размислувам во какви дискотеки и клубови да настапам?

Дали чесно ќе ме исплатата или не? Дали сопствениците се занимаваат со некакви матни бизниси, па те очекува и малку полоша страна од соработката.

Многу е едноставно, барем за мене. Ако се одеше професионално, не би се повлекол лесно туку можеби и јас би бил дел од музичката „елита“, откри Ванев.

Фото: Фејсбук / Зоран Ванев

Тој е првиот Македонец во Швајцарија кој има титула доктор за природна медицина од „Парацелсус Академијата“ која е призната на државно ниво на сите установи како во Швајцарија, така и во другите европски држави. Неговата клиника се наоѓа на самата железничка станица Шлирен во Цирих и во неа се третираат најразлични болести.

Фото: Фејсбук / Зоран Ванев

„Јас од Балканот се преселив пред 25 години. Кога се појавив во Гранд јас веќе живеев во Швајцарија и вече создавав кариера со мојот тогашен оркестар со кој свиревме во тогашната позната дискотека Гродонија секој викенд. А, пред тоа имав многу настапи. На прашањето дали се уште се занимавам со музика, дефинитивно да, меѓутоа на друг начин,настапувам каде јас што сакам и одам таму каде што јас сакам.

Фото: Фејсбук / Зоран Ванев

Имам и дополнителна професија, но музиката мене ми остана како ген кој е вроден и секогаш ќе се трудам да бидам активен па макар и вака малку. За дополнителната професија, која во последните 4 години ми е главна професија, а тоа е дека дипломирав на Факултетот за Природна медицина и станав признаен доктор по природна медицина во Швајцарија. Моите студии траеја цели 5 години од понеделник до петок, а секоја сабота и недела изучував конвенционална медицина.

Фото: Фејсбук / Зоран Ванев

Затоа и исчезнав од естрадата, но не се каам воопшто сега се занимавам со многу коректна работа. Имам своја пракса во Цирих веќе 4 години и како доктор по природна медицина сум признаен кај здравствените осигурителни компании“, изјави Зоран.

Фото: Фејсбук / Зоран Ванев

Пејачот освен што е успешен на професиоанлно поле, тој повеќе од 20 години е среќен брак со Лидија.

Некогашниот пејач не е премногу активен на социјалните мрежи, но често знае да се пофали со успесите кои ги ниже неговиот син Ник.

Ванев и неговото семејство жиеат доста удобен живот, а доказ за тоа се луксузните патување од кои најчесто споделуваат фоторафии на интернет.

Фото: Фејсбук / Зоран Ванев
Фото: Фејсбук / Зоран Ванев
Фото: Фејсбук / Зоран Ванев
Фото: Фејсбук / Зоран Ванев
Фото: Фејсбук / Зоран Ванев
Фото: Фејсбук / Зоран Ванев
Фото: Фејсбук / Зоран Ванев
Фото: Фејсбук / Зоран Ванев
Фото: Фејсбук / Зоран Ванев
Фото: Фејсбук / Зоран Ванев
Фото: Фејсбук / Зоран Ванев
Фото: Фејсбук / Зоран Ванев
Фото: Фејсбук / Зоран Ванев
Фото: Фејсбук / Зоран Ванев
Фото: Фејсбук / Зоран Ванев
Фото: Фејсбук / Зоран Ванев

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button