Бесценети мигови – испливаа фотографии од свадбата на Ванчо Петрушевски и неговата сопруга Лидија
Фотографиите од свадбата на легендарниот македонски актер ги воодушевија луѓето.
Со неговиот лик пораснаа генерации и генерации.
Заедно со Ѓорѓи Колозов, Шенка Колозова, Гоце Тодоровски, Иван Кировски, Ванчо Петрушевски беше дел од првата постава на Македонските народни приказни.
ФОТО: Фејбук / Ѓорѓи Колозов
Целата својата кариера Ванчо ја помина токму во Драмски театар и остави безброј актерски остварувања.
Во Драмскиот театар работел сѐ до неговото пензионирање во 2017-та година.
ФОТО: Фејбук / Ѓорѓи Колозов
Со успех настапувал во повеќе улоги во претстави од домашни и странски автори и секој пат покажувал духовити поединости кои им даваат на неговите ликови карактеристични движења и гримаси.
Освен актерството, негова голема пасија било и сликарството.
ФОТО: Фејбук / Ѓорѓи Колозов
Во неговата викендичка во Орешани го наоѓаше својот мир и рај на земјата и окму таму најмногу творел.
Таму се ослободувал од од негативните тензии на градската бучава.
Токму таму и згаснал неговиот живот.
Како што беше објавено од МВР, причината за тоа бил струен удар.
ФОТО: Фејбук / Ѓорѓи Колозов
На фан-страната на Ѓорѓи Колозов на Фејсбук, чиј админ е Горан Марковски, беа објавени фотографии од свадбата на Ванчо и неговата сопруга Лидија.
„Фотографиите се чудно летало со кои патуваме низ бесценетите мигови на минатото!
Ванчо Петрушевски со сопругата Лидија – на денот на нивната свадба.
Фотографиите ги објавуваме по повод роденденот на почитуваната Лидија!
Жива, здрава, весела и долговечна и уште многу бесценети мигови со најмилите“, стои во опис на фотографиите.