Реклама
Наши ѕвезди

Бескрајна среќа во семејниот домот на Јордан Митев – фолкеркот нема зборови со кои ќе ја опише радоста

Пејачот го прослави првиот роденден на својата ќерка- и тој и сопругата никогаш не биле посреќни

Реклама

Посебен ден за семејството на Јордан Митев

Ќерката на нашиот познат фолк-пејач Јордан Митев го прослави својот прв роденден и ги воодушеви сите.

Познатиот пејач заедно со сопругата Славица се потрудија овој ден да и го направат незаборавен, а гордиот татко сподели фотографија на својот профил на социјалните мрежи под која многумина му го честитаа роденденот на неговата мала наследничка

Маркетинг

Облечена во преслатко фустанче и со панделка на главата Кристина позираше во рацете на својот татко, а Славица гордо стоеше до нив.

Маркетинг
Фејсбук/ Јордан Митев

Може да видиме дека декорацијата беше во нежна розова и сребрена боја, од балоните до деталите со името на славеничката.

Сопругата на Јордан ја покажа и вкусната торта, која исто така беше во пастелно розова нијанса и со сребрена свеќичка.

Фејсбук/ Јордан Митев

„Среќен 1ви роденден ќерко! Биди ни жива и здрава, Господ секогаш нека биде со тебе, нека те чува, нека те води и нека те дарува со сите убавини на овој свет!“, напиша гордиот татко во описот на фотографијата.

Потсетуваме, Јордан и Славица своето судбоносно „да“ го изговорија во 2017 година, а малата Кристина е нивното прво дете.

Фејсбук/ Јордан Митев

Нивната ќерка се роди во Австралија, додека пејачот беше на турнеја, а со него беше и сопругата која беше во деветти месец.

Фејсбук/ Јордан Митев

Таа е Македонка родена во Австралија, но по женидбата со познатиот пејач дојде да живее во нашата земја.

Но заради турнејата што Јордан ја имаше минатата година ова време во Австралија, тој таму замина заедно со неговата сопруга, а од таму се вратија тројца – со ќеркичката Кристина.

Фејсбук/ Јордан Митев

„Поголемите турни кај мене се планираат најмалку 2 години однапред, така да минатата година за да не ги поместувам професионалните планови сопругата дојде со мене во Австралија и таму се породи. Назад се вративме тројца а Кристина беше 6 недели кога се вративме дома во Македонија“, откри Јордан во една пригода за Гламур магазин.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button