Белиот костим за капење ја истакнува секоја мана, а водителката Елена од Сител си блеска во него
Овој пат убавата Елена го одзема здивот во костим за капење
Ретко ја гледаме во вакво издание
Познатата водителка Елена Стојановска-Јанковска во последно време често ги изненадува своите фанови на социјалните мрежи
Нејзиниот Инстаграм изгледа како на светски познатите инфлуенсерки, а Елена сега покажа и како се разладува ова лето.
Имено, Елена во рамките на своите Инстаграм приказни објави неколку фотки на кои позираше во костим за капење.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
На фотографијата Елена е со своите пријателки и ужива во топлото време покрај голем базен во кој позираа максимално опуштени.
На фотографиите Елена е со другарките и сите имаат пијачка во рацете, а во позадината се гледаат палми и преубаво зајдисонце.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Таа позираше во костим за капење што и стоеше беспрекорно, а многумина беа воодушевени од нејзиниот фит изглед.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Станува збор за едноделен бел модел на костим за капење каков многу жени обожаваат, но ретки се оние што имаат храброст да го носат. Имено, ваквите костими за капење не дозволуваат ниту една мана, но истовремено се и еден од водечките трендови за ова лето.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Покрај тоа тие совршено се вклопуваат и за под кошула и се идеални за преод од плажа во вечерно издание и тоа без потреба да се вратите дома – уште една дополнителна причина заради која сите ги сакаат.
Инстаграм/ Бергузар Корел
А очигледно ваквиот костим за капење го обожава и Елена, но и познатата турска актерка Бергузар Корел, позната по улогата на Шехерзад во „1001 ноќ“, која деновиве исто така заблеска во еден сличен модел. Инспирирани од овие две дами решивме да направиме и една мала листа со најубавите едноделни модели во бела боја која може да ја видите од галеријата во продолжение…
Бонус галерија
Инстаграм/ Хејли Бибер
Белите костими за капење се хит ова лето
Cult Gaia
Koverta1976
Calvin Klein
Elisabetta Franchi
H&M
Magda Butrym
Max Mara
Valentino
Ralph Lauren
Gucci