Без шминка, без филтри, без трепки, без лажни образи – Неда Украден во 100% природно издание, пред 40 години и сега (фото)
Неда Украден предизвика голем број коментари со фотографија што ја објави на Инстаграм со која се пофали дека е во потполно природно издание, и дека нема ништо на неа вештачко и лажно.
Пејачката која ќе пополни 69 години во август, често ги воодушевува своите обожаватели со фотографии на кои позира во костими за капење, или пак во некое опуштено природно издание, па така и со ова потполно природно селфи предизвика големо внимание.
https://www.instagram.com/p/BubVnkeA2qq/?utm_source=ig_embed
Имено, таа најпрво објави фотографија од пред 40 години, а потоа сегашна – на која е без шминка.-
„Јас – 40 години порано, Лондон, Оксфорд, и токму сега !!! Нема филтер, без фотошоп, без силикони, без лажни трепки, без лажна коса, без лажни образи. Тоа е што е“, напиша таа под фотографијата со која заработи бројни лајкови.
.