Бајковито издание на познатата актерка – прекрасен фустан достоен за модрени принцези

ADVERTISEMENT

Поранешната тинејџ ѕвезда Венеса Хаџенс која се прослави со улогата во големиот хит „High School Musical“ на премиерата на својот нов филм „Dog Days“ повторно ги воодушеви сите со својот моден избор.

Во филмот на режисерот Кен Марино покрај Венеса се појавуваат и актерките Нина Добрев – ѕвездата од Вампирскиот дневник и очајната домаќинка Ева Лонгорија.

ADVERTISEMENT

Венеса покрај својот актерски талент вниманието на јавноста го плени и со своето беспрекорно чувство за мода. Таа со години го негува „винтиџ“ стилот, а овој пат 29 годишната бринета ги воодушеви сите со преубавиот фустан без прерамки во нежна розова нијанса украсен со цветови од тил.

ADVERTISEMENT

Погледнете уште неколку шик изданија на Венеса …

 

 

Facebook Comments
(Visited 3 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT