БАЛКАНОТ ЗАВИЕН ВО ЦРНО – ПОЧИНА ЧЛЕН НА „Бијело Дугме“

Тој почина во пресрет на неговиот 74-ти роденден
Многумина групата ја сметаа за симбол на единството во Југославија Бијело дугме веројатно е еден од најпознатите рок бендови од поранешна Југославија Сцената на овој простор ја контролираше во почетокот на 70тите и 80тите години од минатиот век.
Бендот е основан во Сараево во 1973. Издале девет албуми во периодот од 1973 до 1989 година. Групата беше создадена од бендот Јутро, а новото име го прифатиле на 10.01.1974.Својата музичка карта ја отворија 1974 со албумот „Кад би био бијело дугме“. Симпатиите на публиката ги освоија уште со првиот албум.

Во нивното музичко портфолио вклучија бројни хитови, одлични турнеи по Југославија. Нема да биде погрешно ако се оцени дека беа бенд, кој своевремено диктираше одредени музички правила, дотогаш не прифатливи. Нивните албуми ги рушеа рекордите на продажба.
Несудениот филозоф по образование, Горан Бреговиќ беше човекот кој е постојан член и покрај сите измени во бендот. Тој ги влечеше конците на Бијело Дугме, одлично го опипуваше пулсот на публиката.
Политиката ја вовлекуваше низ темите на песните, го користеше народниот призвук, што не беше вообичаено за поп рок сцената во тоа време, а публиката ја голташе музиката на Дугме. Во Бијело дугме се менуваа пејачите Жељко Бебек. Младен Војичиќ Тифа и Ален Исламовиќ.

Се менуваа и басиситите Горан Ивандиќ, Милиќ Вукашиновиќ и Драган Јанкелиќ, како и клавијатуристите Владо Правдиќ и Лаза Ристовски. На една турнеја на местото тапанар се појави и нашиот Гарабет Тавитијан.
Бендот се распадна 1989 скоро во истиот период кога започна распаѓањето на Југославија. Повторно се собраа на прошталната турнеја 2005 со концертите во Сараево, Загреб и Белград. Концертот во Белград е еден од најпосетуваните концерти на југословенските простори.
Владо Правдиќ, клавијатуристот на „Бијело Дугмет“, како што дознава „Аваз“, починал во понеделникот вечерта во Сплит.

Неговиот близок пријател ја потврди тажната вест за босанските медиуми. Тој почина во пресрет на неговиот 74-ти роденден на 6 декември. Во последните месеци тој се бореше со тешка болест.
Правдиќ последните години живееше во Сплит.




